Почетна » Новости » Занимливости » Бајковити фотографии на мајка од малата ќерка со Даунов синдром во Дизниленд

Бајковити фотографии на мајка од малата ќерка со Даунов синдром во Дизниленд

Магичните фотографии на Кристина Биули од нејзината 4-годишна ќерка ќе ве внесат во светот на бајките. Талентираната фотографка создаде фантастичен фото-серијал со малата Жизел, која има Даунов синдром.

Кристина со својот сопруг за првпат ја одвеле Жизел во Дизниленд во септември минатата година и оттогаш, тие го посетуваат забавниот парк секој месец и ги создаваат слатките фотографии. Грижливата мајка ги шие костимите на малото девојче и за секоја посета на паркот таа подготвува нов волшебен фустан.

Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули

Биули се научила да шие бидејќи ќерка ѝ имала проблеми со некомотните материјали. „Кога таа беше малечка, не сакаше тулови и ткаенини кои ја чешаа. Таа имаше проблеми со текстурите, па јас се научив да шијам за таа да може да има фустани за принцези“ – рекла Кристина за Huffington Post.

„Секој пат кога ќе отидеме во Дизниленд, Жизел станува сè посамоуверена. Таа не е толку срамежлива. Кога ја гледаме како блика од радост, целото патување се исплаќа“ – изјавила Биули и додала дека вработените во Дизниленд ѝ помагаат на Жизел „да излезе од својата школка“.

Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули Жизел Биули

Биули вели дека растењето на дете со специјални потреби ја научило да го забави темпото и навистина да ужива во малите нешта во животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.