Почетна » Новости » Занимливости » Астронаут ни нуди уникатен поглед на Македонија од вселената

Астронаут ни нуди уникатен поглед на Македонија од вселената

Астронаут објави прекрасна ноќна фотографија од Македонија и ни дозволи да ја погледнеме нашата татковина од вселената.

Македонија од вселенатаМакедонија од вселената

Скот Кели е американски астронаут кој во 2012 година беше избран да учествува во специјална едногодишна мисија во Меѓународната вселенска станица. Тој ја започна мисијата во март 2015 година, а на 251-виот ден од неа објави фотографија од Република Македонија направена од вселената.

„Ден 251. Поздрав до моите пријатели во Македонија. Добра ноќ од Меѓународната вселенска станица“ – напиша Кели во објавата која за само 11 часа има речиси 17.000 допаѓања и над 2.200 споделувања на Facebook.

Претходно астронаутката Саманта Кристофорети ни дозволи да ги погледнеме Скопје и Охрид од вселената на дневна светлина. Фотографиите беа објавени на профилот на Twitter на Саманта на крајот од минатата и почетокот на оваа година.

Охрид од вселенатаОхрид од вселената

„На бреговите на Охридското Езеро, градот Охрид во Македонија, еден од првите основани во Европа“ – напиша италијанската астронаутка. На фотографијата од Скопје пак пишува: „Македонија! Еве го вашиот главен град Скопје од вселената ова утро. Добро утро Скопје, Македонија!“

Скопје од вселенатаСкопје од вселената

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.