Почетна » Новости » Занимливости » Александра Дилевска одликувана со орденот на уметности и книжевност на Франција

Александра Дилевска одликувана со орденот на уметности и книжевност на Франција

Директорката на маркетинг агенцијата Публицис груп, Александра Дилевска Симова, е одликувана со престижниот орден Витез од Редот на уметности и книжевност (Chevalier des Arts et Lettres), заради нејзините достигања во промоцијата на креативноста во бизнисот во Македонија, промоција на македонската креативност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија. Одликувањето, кое го доделува француското Министерство за култура и комуникации, спаѓа во четирите најважни одликувања во Франција.

Александра Дилевска Симова

„Во животот работите и творите и се обидувате да го направите тоа на најдобар можен начин, и не секогаш очекувате награда или признание. Сепак, кога ќе пристигне вакво одликување, чувството е исклучително. Сметам дека наградите не се толку за тоа што сте го направиле, туку за она што допрва можете и треба да го направите“ – изјави Дилевска.

„Француската Влада сака да ѝ оддаде признание на г-ѓа Дилевска, посебно во областа на уметноста, комуникациите, развивањето на креативни идеи, за додавањето вредност во бизнисот и пошироко во заедницата во Македонија. Таа навистина има неверојатна кариера и со ова одликување Франција сака да ѝ покаже колку ја почитува нејзината работа и придонесот во промоцијата на француската култура“ – изјави француската амбасадорка г-ѓа Лоренс Оер.

Александра Дилевска Симова Александра Дилевска Симова

Орденот се доделува на личности кои со своето дејствување влијаат на промените во својата сфера, кои поддржуваат развој на најразлични таленти и поставуваат највисоки стандарди во комуникациските и креативните вештини.

Александра Дилевска Симова покрај раководната улога во Публицис груп Македонија, на чие чело е веќе 19 години, е член и на УО на Стопанската комора на Македонија, член на УО на Европската Бизнис Асоцијација и член на Ротари клубот. Под нејзино водство агенцијата Публицис прерасна во најголема комуникациска мрежа во земјата во изминатите години. Агенцијата е добитник на повеќе престижни регионални и интернационални награди од областа на креативноста и стратешкото комуницирање. Истовремено Публицис е активен во кампањи од социјален карактер и за поддршка на културата, како што се кампањите за подигање на свеста против семејното насилство, Алцхајмеровата болест, Францускиот филмски фестивал, Cinedays и други.

Александра Дилевска Симова Александра Дилевска Симова Александра Дилевска Симова

Одликувањето Витез од редот на уметности и книжевност се доделува од 1957 година и е едно од најпрестижните одликувања во оваа сфера. Одликувањето се доделува секоја година и го добиваат заслужни професионалци во Франција и исклучителни личности надвор од Франција. Во минатото одликувањето се доделувало само на француски државјани, а во поново време членови на Редот на уметноста можат да бидат и странски државјани, а некои од нив се и Кејт Бланшет, Џорџ Клуни, Шакира, Роберт Редфорд, Пол Остер и други.

На церемонијата на доделување на орденот Витез во резиденцијата на француската амбасадорка беа присутни претставници од Француската амбасада, многу соработници, колеги и пријатели на Дилевска, како и претставници од бизнис заедницата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11393 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.