Почетна » Новости » Занимливости » Samsung Galaxy S6: Совршен и однатре и однадвор

Samsung Galaxy S6: Совршен и однатре и однадвор

Прецизно извајан од уникатен и преубав спој на материјали, кои оставаат траен впечаток на секој што го допрел и себично помислил да го задржи само за себе, заводникот што ги освои погледите на милиони зависници на модерниот изглед и префинетата внатрешност, пристигнува за само неколку недели.

Одбројувањето до пристигнување на следното добро нешто, започнува. За кратко, паметниот, згодниот и функционалниот (кој, да, доаѓа во една целина) станува дел од портфолиото на напредни паметни телефони од понудата на Vip.

Со големо задоволство, најсјајните ѕвезди од галаксијата - Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge.

Samsung Galaxy S6

Најтенок и најопсежен досега, Samsung Galaxy S6/S6 edge има највисока резолуција на паметни телефони претставени на пазарот досега, благодарение на 5.1-инчниот QHD Super AMOLED екран, со резолуција од 557 пиксели.

Најбрз и најсилен, поседува 14nm Samsung Exynos 7 окта мобилен процесор со 64-битна платформа, нов PDDR4 мемориски систем и UFS 2.0 флеш-меморија, во превод - гарантирани подобрени перформанси и брзина на меморијата со помала потрошувачка на енергија.

Samsung Galaxy S6

Најелегантен и најснаодлив, изработен од стакло и од метал, со 16MP задна и 5MP предна камера со оптички стабилизатор, како и опција за автоматско одредување на светлината. Брзината на активирањето на камерата е од 0,7 секунди.

Најштедлив и независен, со револуционерната технологија за безжично полнење, како и опцијата за брзо полнење, кое на корисникот му овозможува да гледа двочасовно видео за десетминутно полнење.

Достапен единствено со резервација во продажните салони на Vip до 31.3.2015, со вклучен подарок - уникатен Accessories kit.

Samsung Galaxy S6

Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge ќе бидат достапни во продажната мрежа на Vip оператор од 20.4.2015 по цена од 16.499 денари и 23.499 денари соодветно, во постпејд тарифата Vip Free + No Limit + за склучен договор на 24 месеци.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11513 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.