Почетна » Новости » Занимливости » „Mom Life“: Фотосеријал кој ја прикажува хаотичната страна на родителството

„Mom Life“: Фотосеријал кој ја прикажува хаотичната страна на родителството

Додека многу родители на социјалните мрежи го претставуваат животот со деца како совршен, фотографката Ана Ангененд ја покажува неговата хаотична страна. Фотосеријалот „Mom Life“ совршено го покажува она што секоја мајка на светот веќе го знае – мајчинството не е лесно.

23-годишната мајка пред неколку месеци го објави првиот дел од својот серијал и брзо стана хит меѓу родителите на интернет. Инспирирана од својот успех, Ана неодамна објави 8 нови фотографии. Главни ѕвезди на фотографиите се Ана и ќеркичката Мија, која за еден месец ќе наполни 3 години.

Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд

„Не е ли добро да се потсетиме дека ничиј живот не е совршен и покрај тоа што Facebook профилот го говори спротивното? Големи се шансите најмалку една од вашите пријателки да излегла од дома денес со путер од кикиритки на панталоните“ – рекла Ана за The Huffington Post.

Креативната мајка не планира да застане тука и се надева дека ќе измами насмевки кај луѓето со своите фотографии. „Кога животот ќе излезе од контрола, независно колку е сериозна или глупава ситуацијата, ако најдете начин за да се смеете, сè ќе ви изгледа подобро и ќе ви даде сила да продолжите напред. Радоста е насекаде кога ја барате“ – додала таа.

Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд

Еве ги и нејзините претходни фотографии:

Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд Фотографиите на Ана Ангененд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.