Почетна » Новости » Занимливости » „Like“ на Facebook доби проширување: Реакциите им се достапни на сите во светот

„Like“ на Facebook доби проширување: Реакциите им се достапни на сите во светот

Копчето „Like“ на Facebook доби „емотивно“ проширување. По неколкумесечно тестирање, најпопуларната социјална мрежа претстави нови опции за корисниците.

Со новата надградба, секој сега може покрај Like, да ги искористи и новите копчиња – Love, Haha, Wow, Sad и Angry.

FacebookLike, Love, Haha, Angry, Wow, Sad.

Едноставно задржете го копчето Like на мобилен телефон, додека на десктоп позиционирајте го покажувачот над истото копче и ќе можете да ја изберете посакуваната реакција.

„Ги слушавме луѓето и знаеме дека треба да има повеќе начини за лесно и брзо да изразат што чувствуваат за она што го гледаат во News Feed. Токму поради тоа денес лансираме Реакции, проширување на копчето Like, за да ви дадеме повеќе начини за да ги споделувате вашите реакции на одредена објава на брз и лесен начин“ – пишува на блогот на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.