Почетна » Новости » Занимливости » Kомпанијата за спортска опрема „Џак“ сега и во Македонија

Kомпанијата за спортска опрема „Џак“ сега и во Македонија

Комерцијален текст

Kомпанијата „Џак“ претставува еден од најголемите ланци на мултибренд продавници за спортска опрема на територијата на Србија. Веќе 20 години, Џак ги нуди врвните колекции од најпознатите светски брендови како Hummel (Хамл), Nike (Најк), Adidas (Адидас), Reebok (Рибок), Converse (Конверс), Puma (Пума), Colmar (Колмар), Speedo (Спидо), Arena (Арена), Joola (Јола) но и многу други.

Покрај големата понуда на спортски облека и обувки, во нивниот асортиман може да се најде парче спортска опрема за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и тенис, велосипедизам, пинг-понг, како и многубројни справи за вежбање.

Отворањето на Џак Отворањето на Џак

„Нашата цел е да им понудиме голем избор на квалитетна спортска опрема на рекреативците од сите возрасти и спортистите од сите генерации. Веруваме дека клучот за нашиот успех лежи во спојот на долгогодишното искуство и желбата секогаш да бидеме инвентивни. Како корпоративно-друштвено одговорна компанија, ние ги почитуваме локалните и националните вредности, ја промовираме соработката и размената на знаења“ – велат од компанијата.

Приказната која започна во Србија сега продолжува и во Македонија. Отворањето на продавницата во Скопје е голем чекор кон нивното постојано усовршување и надградба како и тежнеење да бидат чесен и поуздан партнер кој секогаш ги поддржува спортските манифестации и младината. Отворањето на Џак

„Нашата мисија да внесеме здрав дух во секое семејство преку најпопуларните светски брендови ја продолжуваме во Тетово, но задоволувајќи ги сите ваши потреби и градејќи ја меѓусебната доверба, сигурни сме дека нема да застанеме тука. Преку уважувањето на потребите на потрошувачите и квалитетната услуга која секогаш ја нудиме се надеваме дека ќе прераснеме во место кое ќе ги задоволи сите ваши потреби на чекор од нас. Со ведар дух, ќе се обидеме да докажеме дека спортот и рекреацијата се забавни“ – дополнуваат од компанијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.