Почетна » Новости » Занимливости » Facebook воведува копче „Dislike“

Facebook воведува копче „Dislike“

Со години над милијарда корисници на популарната социјална мрежа Facebook активно го користат копчето „Like“ (ми се допаѓа), а исто толку време многумина бараа копче „не ми се допаѓа“.

Dislike

Марк Цукерберг објави дека конечно Facebook воведува копче „Dislike“. „Луѓето со години бараа копче dislike. Денес е специјален ден, бидејќи денес е денот кога можам да речам дека работиме на тоа“ – рече Марк и дополни дека наскоро ќе биде тестирана новата опција.

Сè уште не се објавени многу детали. Според Марк, копчето нема да може да се користи за да „гласате“ негативно на одредена објава од пријателите, бидејќи никој не би сакал да види дека некој му притиснал „не ми се допаѓа“ кога си споделува важна вест. Наместо тоа, целта на Facebook е да се имплементира копчето како алатка за луѓето да изразуваат емпатија, како во моментите кога пријател ќе сподели жална вест.

Марк Цукерберг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.