Почетна » Новости » Занимливости » Eucerin Sun Oil Control: Заштита од сонце за масна кожа и кожа склона кон акни

Eucerin Sun Oil Control: Заштита од сонце за масна кожа и кожа склона кон акни

Додека кожата на нашето тело делумно е заштитена со облека, кожата на лицето е постојано изложена на дејството на сончевите зраци. Кога сме на одмор не забораваме да го намачкаме лицето со крем за заштита од сонце. Во секојдневието, при движење до работа или до дома, или при прошетки низ градот, тоа поретко го правиме. Но, никогаш не треба да заборавиме дека сонцето е секојдневно присутно.

Освен позитивното влијание на нас тоа има и несакани ефекти на нашето тело, па затоа е потребно да се заштитиме од него, особено нашата кожа, која трпи најголеми последици од дејството на УВ зраците. Но, не е само тоа! Често пати не можеме да се одлучиме со кој производ да се заштитиме, бидејќи од една страна посакуваме најдобра заштита од сонцето, а од друга страна нешто што ќе ѝ одговара на нашата кожа.

Еуцерин

Дилемата е присутна речиси кај сите, но очигледно најмногу кај луѓето со масна кожа и кожа склона кон акни. Овие луѓе имаат реален проблем, бидејќи нивната кожа уште на самиот почеток има присутен проблем. Имено, масната и проблематична кожа не поднесува било какви креми за нега и нејзината состојба се влошува при користење на голем дел од вообичаените препарати за нега на кожата. Затоа, луѓето со масна и акнеична кожа имаат потреба од производ кој е хидратантен и со мат-ефект и кој нема да доведе до создавање на комедони (црнки, белки) и воспалени акни. Масната кожа е склона на правење кафени дамки (хиперпигментации) особено на местата со акни, на што максимално ќе делуваме со третман на акните од една страна и со фотопротекција од друга страна. И да не забораваме на бројните третмани за масна и проблематична кожа кои ја лупат кожата и во сончевиот период од годината ја прават поосетлива на сонце и со можност за појава на хиперпигментации.

Еуцерин

Со еден збор, потребна е заштита од сонце која е специјално разработена за потребите на масната и акнеична кожа! Научниците од Баерсдорф разработија технологија која ја имплементираа во новите производи SUN Oil Control. Производите имаат висок заштитен фактор од сонце и биолошка заштита за клеточната ДНК од штетното дејство на УВ зраците, мат-ефект на кожата со помош на комбинацијата од три пигменти за апсорбција на вишокот маснотии и Л-карнитин со кој се постигнува регулирање на прекумерното замастување на кожата. За да го потврдат очекуваното, научниците спроведоа и клинички испитувања на пациенти со масна и акнеична кожа во топла клима кога проблемот е најголем! Испитувањата покажаа одлични повратни оценки од испитаниците за ултралесната текстура која брзо се апсорбира во кожата и долготрајниот мат-ефект кој трае и неколку часа по нанесувањето на производот.

Еуцерин

SUN Oil Control производите за заштита на масна кожа и кожа со акни се веќе достапни во аптеките. За најдобар ефект се препорачува SUN Oil Control производите да ги комбинираме со производите од DermoPurifyer линијата, со што ќе овозможиме и соодветно миење, чистење и нега на масната кожа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10259 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.