Почетна » Новости » Занимливости » „Bear Story“: Краткиот анимиран филм кој доби Оскар нема да ве остави рамнодушни

„Bear Story“: Краткиот анимиран филм кој доби Оскар нема да ве остави рамнодушни

Краткиот анимиран филм „Bear Story“, кој оваа година се закити со Оскар, нема да ве остави рамнодушни.

10-минутниот филм прикажува мечка која секој ден излегува на улица и преку механичко куклено шоу ја раскажува тажната приказна за својот живот.

Мечката била одвоена од своите жена и дете, ставена зад решетки и принудена да работи во циркус. Сакајќи да се врати кај своето семејство, мечката наоѓа начин како да избега од луѓето од циркусот кои ја малтретираат и тепаат.

Откако ќе успее да избега, мечката се упатува кон својот дом за да биде со најмилите.

Режисерот Габриел Осорио изјавил дека „Bear Story“ е инспириран од вистински настан за неговиот дедо, кој бил ставен во затвор во 1973 година и разделен од своето семејство. „Се обидов да ја прикажам важноста на тоа семејството да биде заедно. Пораката е да се обидеме да не ги правиме истите грешки од минатото“ – изјавил Осорио.

Ова е прв Оскар кој замина во Чиле.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.