Почетна » Новости » Занимливости » 92-годишна баба која двапати се борела со рак е најстарата жена која завршила маратон

92-годишна баба која двапати се борела со рак е најстарата жена која завршила маратон

92-годишна старица, која досега двапати се има соочено со рак, го испиша своето име во книгите со рекорди откако трчаше маратон цели 7 часа 24 минути и 36 секунди. Хариет Томпсон ја доби титулата Најстара жена која завршила маратон во неделата во Сан Диего.

Хариет Томпсон

Томпсон по 16-ти пат учествувала на маратонот „Rock ‘n’ Roll“, но признала дека овој пат ѝ било најтешко. „Секојпат е потешко, но оваа година беше лоша за мене. Не можев да тренирам добро, бидејќи мојот сопруг беше многу болен и морав да бидам одредено време покрај него, а откако тој почина во јануари, морав да започнам со лекување на ногата. Многу сум возбудена што издржав денес“ – рекла таа.

Хариет ТомпсонХариет Томпсон со синот Брени

Сепак, Хариет не се откажала и ја завршила трката, признавајќи дека 56-годишниот син Брени многу ѝ помагал. „Во еден момент бев преуморена. Се качував по рид кој беше како планина и си мислев дека лудост е ова да го правам на моја возраст. Но, потоа се почувствував подобро кога слегував надолу. Мојот син Брени постојано ме хранеше со прекрасни јаглехидрати кои ми помагаа да продолжам“ – изјавила таа.

Хариет Томпсон

Претходниот рекорд за најстара жена која завршила маратон го држела Гладис Бурил, која имала 92 години и 19 дена, додека Хариет ја заврши трката на 92 години и 65 дена. Минатата година Томпсон постави и рекорд за најдобро време во категоријата жени над 90 години, откако помина патека долга повеќе од 42 км за 7 часа, 7 минути и 42 секунди.

Хариет Томпсон

Хуманоста е движечката сила на Хариет, која со секој маратон собира средства кои ги донира во Друштво за леукемија и лимфома. Програмата е многу значајна за неа, бидејќи таа изгубила неколку пријатели и членови од семејството како последица на рак, а и самата двапати се има соочено со смртоносната болест – еднаш рак на вилицата и еднаш рак на кожата. Досега, старицата има собрано околу 100.000 долари за хуманитарни цели.

Томпсон го истрчала својот прв маратон на 76-годишна возраст откако пријателка ѝ споделила дека пешачи за време на трките со цел да собере пари за Друштвото. „Ох, и јас можам да изодам маратон“ – си помислила тогаш старицата. „Кога излегов таму првата година, планирав само да одам, но сите останати трчаа, па и јас започнав да трчам со нив“ – рекла Хариет.

Хариет Томпсон Хариет Томпсон

Иако Друштвото за леукемија и лимфома е основната причина која ја мотивира да трча на маратони, Хариет признава дека трчањето ѝ возвраќа за добрината и ѝ го подобрува здравјето. „Најверојатно немаше да бидам тука ако не трчав секоја година, бидејќи тоа ме држи активна. Па, на некој начин ми е возвратено за мојот труд. Луѓето се прашуваат како може да го правам тоа на оваа возраст, па можеби тоа е одговорот“ – рекла таа.

Хариет Томпсон Хариет Томпсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.