Почетна » Новости » Занимливости » 7 начини на кои крем јогуртот придонесува за вашата благосостојба

7 начини на кои крем јогуртот придонесува за вашата благосостојба

Ретко која храна е толку здрава кога се консумира во мали количини како крем јогуртот.

Крем јогурт

1. Moќта на протеините

Протеините се есенцијални за добро здравје. Тие се витални за раст на клетките, градба на мускулите и обновување на ткивата.

Како што старееме, ни требаат повеќе протеини за ја одржуваме виталноста на нашата кожа и да се бориме против болестите. Крем јогуртот е одличен начин да се зголеми нивото на протеини, а во исто време да се избегне тешката храна како месото.

2. Добијте го неопходниот Б12

Витаминот Б12 е неопходен за енергија и здраво функционирање на мозокот, а крем јогуртот изобилува со него. Вегетаријанците често имаат недостиг на витамин Б12, бидејќи главно тој се наоѓа во месото, што го прави крем јогуртот одличен за оваа група лица.

3. Калиумот го балансира натриумот

Крем јогуртот не само што има ниско ниво на натриум, тој е и богат со калиум.

Каква врска има едното со другото? На ова сценарио размислувај како на клацкалка. Мора да има соодветна рамнотежа помеѓу натриумот и калиумот во вашиот организам, а крем јогуртот може да ви помогне да ги задржите правилните пропорции.

4. Храна по тренинг

Крем јогуртот може да биде здрава и задоволувачка ужинка по напорен тренинг. Не само што ќе ве остави сити до следниот оброк, туку и протеините кои ги содржи ќе помогнат да се „поправи штетата на мускулите“ која е направена од вежбањето.

5. Јодот ја држи вашата половина под контрола

Крем јогуртот е богат со јод. Јодот е важен за правилно функционирање на тироидата, а тиоридната жлезда е есенцијална за здрав метаболизам.

Денес, меѓу луѓето постои тенденција на недостиг на јод, што може да предизвика сериозни проблеми, вклучувајќи брзи флуктуации во тежина. Луѓето кои имаат проблеми со тежината треба да знаат дека зголемувањето на активноста на тироидата го забрзува метаболизмот, а тоа потпомага во намалување на тежината.

6. Калциумот е клучен за да бидете фит

Калциумот кој го содржи крем јогуртот е уште еден бенефит што е клучен за губење на тежината и целокупното здравје.

Калциумот се поврзува со регулација на кортизолот. Зголеменото ниво на хормонот кортизол може да предизвика телото да ги складира мастите.

Со инкорпорирање на повеќе калциум во вашата исхрана, можете делумно да го ограничите производството на масти во вашето тело.

7. Фактор на слабеење

Крем јогуртот е погуст од обичниот јогурт и затоа можеби не наликува на храна која помага во слабеењето, но тоа е далеку од вистината.

Еден начин да го инкорпорирате јогуртот е во вашето смути. Може да го користите и како гарнир во некои јадења. Исто така, со него можете да го замените мајонезот или павлаката.

Сите овие бенефити можете да ги најдете во Fit крем јогуртот, кој е единствен ваков јогурт на македонскиот пазар. Едно пакување Fit содржи 11,25 грама протеини и само 2% млечна маст. Од неодамна Fit ги претстави и новите два вкуса – Fit тиква и цимет и Fit мед, ореви и житарки.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.