Трејси Кокс, експерт за врски, секс и говор на телото, создаде листа со десетици љубовни совети кои според неа, би требало секој да ги знае.
„До сите млади жени кои ми пишуваат барајќи љубовни совети, ова е за вас: сè што посакувам да знаев порано“ – пишува познатата авторка на 15 книги.

- Животот е премногу краток за да го трошиш на нерешителни/колебливи мажи. Ако не може да реши дали сака врска или не, тој во никој случај не може да биде доволно предан.
- Престани да бараш изговори за мажи. Присвој ја филозофијата „тој не е толку зацапан“, која вели дека ако тој е заинтересиран, ќе биде заинтересиран. Не се залажувај себеси.
- Почекај една година пред целосно да веруваш некому. Повеќето луѓе се „издаваат“ себеси во период од 12 месеци.
- Лошите момчиња воглавно се идиоти кои за среќа се доволно згодни за да можат да се извлечат со лошото однесување. Забавно е да си со нив во 20-тите години од животот, но не вредат да се замараш со нив после тоа.
- Добрите момци не се досадни. Не ја мешај драмата со љубовта. Екстремните скокови и падови не се страст, тие се знак на некомпатибилност. Стабилноста е добра.
- Ако имаш простено неверство повеќе од еднаш, му даваш на партнерот дозвола да продолжи да го прави истото сè додека сте заедно. Две грешки и треба да си заминеш.
- Не очекувај љубовта да изгледа така како што си замислуваше дека ќе изгледа. На крајот веројатно ќе завршиш со некој што не личи и не е каков што си го замислуваше. Давај им шанса на луѓето.
- Љубомората нема да ги спречи луѓето да те изневерат или да те напуштат. Напротив, таа го охрабрува тоа. Кој би сакал да живее со личност која се сомнева во секој негов потег?
- Престани да анализираш и започни да уживаш. Така и двајцата ќе се релаксирате и ќе ѝ дадете на врската шанса да успее.
- Ако постојано се сомневаш во чувствата на одредено лице за тебе и му велиш „Сигурно не мислиш така“, тогаш ќе го поттикнеш навистина да се сомнева. Можеби копнееш за сигурност, но таа твоја несигурност може да го оттурне.
- Цели високо. „Сигурните“ можат да те откачат или да те третираат лошо како и „ризичните“, но попривлечни партнери. Стреми се кон тоа што го сакаш.
- Воопшто не е така глупаво како што си мислиш да се скрасиш со првата љубов. Многу од најдобрите врски се на парови кои се сретнале рано, но си дозволиле еден на друг да растат одделно.
- Неговата врска со неговата мајка ќе ти каже многу од тоа што треба да го знаеш за него. Ако имаат добра врска, но тој се осамостојува, сè се движи добро. Ако нивната врска е микс од омраза, огорченост и зависност, бегај.
- Врските не се сè. Ти не добиваш љубов само од партнерот. И блиските пријатели, семејството, миленичињата, кариерата, книгите, патувањата, храната и виното ни пружат задоволство.
- Само затоа што татко ти те оставил, тоа не значи дека сите мажи ќе го направат истото. Тие не се тој.
- Љубовта не е доволна. За врската да опстои долгорочно, потребни се и добри комуникациски вештини, емпатија, желба за успех и флексибилност да се обликувате себеси еден околу друг.
- Ако се трудиш многу и сепак не оди, веројатно си во погрешна врска. Кога ќе ја пронајдеш вистинската врска, лесно е, бидејќи работите еден со друг. Некои парови се токсичен микс и го вадат најлошото еден од друг.
- Нема да ја пронајдеш вистинската врска додека нè бидеш подготвена за неа. Ако си огорчена, цинична, премногу ранлива или со скршено срце, направи пауза, бидејќи потсвесно ќе саботираш сè што ќе допреш.
- Ако сте се разделиле и смириле неколкупати, не сте компатибилни.
- Внимавај што посакуваш.
- Ништо не е помалку привлечно од очајот. Но, не е очај да признаеш дека сакаш врска или деца.
- Гледај го она што навистина е пред тебе, а не она што сакаш да го видиш.
- Промената е добра. Дефиниција за глупавост е да го повторуваш истиот експеримент и да очекуваш различни резултати. Ако секогаш го правиш истото, секогаш ќе го добиваш она што веќе си го добила претходно.
- Мажот кој имал неколку добри и долги врски, полесно ќе создаде стабилна врска од оној кој немал.
- Ако имаш над 30 години и сè уште го обвинуваш минатото за својот сегашен живот, потребна ти е терапија. Не го мешај она што ти се случува сега со она што ти се случило порано.
- Дури и да останеш со скршено срце, барем ќе знаеш дека си била доволно храбра за да дадеш шанса. Потребна е смелост и самодоверба за да си дозволиш да се заљубиш.
- И двајцата треба да се чувствувате како да сте направиле добра зделка. Не е важно дали едниот е попривлечен, побогат или подуховит, важен е балансот.
- Нема недостиг на мажи, има недостиг на „добри мажи“ ако си сингл жена над 30 години. Соодносот е 10:1, не во твоја полза. За секои 10 умни, успешни, атрактивни, духовити и добри жени има само еден маж кој одговара на истите критериуми и тој речиси секогаш е женет со некоја од твоите пријателки. Не знам зошто е тоа така.
- Би излегла ли на состанок со себе? Ако не би, тогаш време е за промени.
- Алкохолот ги отежнува нештата, не ги олеснува. Ако и двајцата сте барем малку трезни, имате мали шанси да разберете што тргнало наопаку.
- Во ред е да си легнеш лута ако си пијана. Од пијаните кавги не излегува ништо друго освен изговорени зборови кои не можеш да ги вратиш назад.
- Не им кажувај на луѓето што не сакаш тие да прават. Кажи им што сакаш да прават и ќе има резултати.
- Има многу полоши нешта од физичко неверство. Мажот што ќе ти ги собере парите од банка, мажот што ќе си замине во тежок период или мажот кој е лош татко е исто толку лош колку и оној што изневерува.
- Сакаш да си во право или сакаш да си среќна? Ако еден од вас е позаинтересиран за собирање поени отколку за решавање на проблемите, постојано ќе си го пазиш грбот во врската.
- Ако не правите ништо одделно, ќе нема за што да зборувате кога сте заедно.
- Она што не го знаеш не може да те повреди. Она што го знаеш, ќе те повреди. Шпионирајќи го партнерот, неизбежно ќе пронајдеш нешто што нема да сакаш да го видиш или за кое нема да можеш да го прашаш, бидејќи ќе се разоткриеш. Луѓе сме, несовршени. Дали навистина е толку важно ако тој малку флертува со колешка? Не е ли полесно да не знаеш?
- Многу е страшно да си заљубен, бидејќи не може да сакаш без да си ранлив. Не си единствената личност со лузни.
- Ако има нешто кај тебе што не сакаш да го промениш, пронајди некој кој ќе го гледа тоа како позитивна особина, а не како негативна.
- Барај некој кој ќе те сака онака како што сакаш да бидеш сакана. Сите ја покажуваат љубовта на различни начини, едни со зборови, други со допири и постапки. Во добрите врски, секој партнер го разбира љубовниот јазик на другиот и го зборува, дури и ако тоа не е негов јазик.
- Трите нешта кои ќе ви помогнат да ги пребродите најмачните периоди се: смисла за хумор, силна хемија и способност да гледате на работите од аголот на другиот.


