Почетна » Новости » Занимливости » 13 нешта кои посакував да ги знам во моите рани 20-ти години

13 нешта кои посакував да ги знам во моите рани 20-ти години

Една деценија може да ве промени многу. Навиките, желбите и приоритетите во раните 20-ти години често не се поклопуваат со оние кои ги имате пред и по 30. роденден. Начинот на којшто размислувате се менува и секогаш низ главата ќе ви се вртат мисли од типот „ех, да го знаев ова порано“.

Девојка

Преку поучен текст, младата авторка Саманта Мет ги истакнува работите кои сакала да ги знае во раните 20-ти години од својот живот, за да ги посоветува младите кои штотуку започнуваат да го согледуваат вистинското лице на животот.

  1. Не губиш пријатели, туку само дознаваш кои ти се вистински пријатели. Како што се движев од почетокот кон средината на 20-тите години, забележував дека губам контакт со одреден број луѓе. Ми се чинеше дека немам толку многу пријатели како претходно и тоа ме вознемируваше. Но, набрзо сфатив дека станував поблиска со помала група луѓе, што е многу подобро отколку да имаш „50 блиски пријатели“. Всушност, невозможно е да имаш „50 блиски пријатели“.
  2. Ако сакаш да се преселиш на ново место, пресели се одма. Колку подолго чекаш за да започнеш нов живот, толку покомотно ќе се чувствуваш таму каде што си. Ако сакаш да пробаш нешто ново, сега е вистинското време.
  3. Нема да им се допаѓаш на сите. А и тебе нема да ти се допаѓаат сите. Престани да се грижиш толку многу за тоа што мислат луѓето за тебе и престани да се обидуваш да ги задоволиш сите. Биди себеси. Тие што те сакаат, ќе те сакаат, тие што не те сакаат, нема да те сакаат. Таков е животот.
  4. Не трчај по титули. Ниту во врските, ниту во кариерата. Откриј што сакаш, а не што изгледа добро на хартија (или на Facebook) и стреми се кон тоа.
  5. Ако сакаш кариера во друга сфера, испробај се сега. Не сметај дека си залепена за одредена индустрија или поле само затоа што така вели твојата диплома.
  6. Излегувај колку што е можно повеќе. Како што ќе старееш, така ќе излегуваш сè поретко. Сè потешко и потешко ќе станува да се соберете со пријателите. За жал, ништо никогаш нема да биде исто, па уживај додека трае.
  7. Штеди. Не треба да купуваш нова облека за секое вечерно излегување. Не треба да трошиш куп пари на стан, особено ако можеш да живееш дома. Не значи дека треба да трошиш само затоа што си започнала да заработуваш. Штеди колку што можеш.
  8. Нема ништо лошо да поживееш извесно време со своите родители. Во ред е да се иселиш на 24, 25 или на 26 години ако имаш можност.
  9. Одржувај контакт со лицата кои си ги запознала на професионален план. Остани во контакт со сите, дури и со оние кои се помлади од тебе. Никогаш не можеш да знаеш кој каде ќе работи и на која позиција ќе биде подоцна во животот.
  10. Врските не треба да бидат проблематични постојано. Ако треба да вложуваш многу труд за да успее одредена врска, најверојатно не оди сè како што треба. Не вреди да се расправаш. Не вреди да плачеш. Нема да стане полесно. Понекогаш љубовта не е доволна. Прифати го тоа и продолжи.
  11. Не чекај да дојде време кога ќе имаш пари за да си исполниш своја желба. Ако мора да штедиш за да направиш нешто, започни да штедиш сега. Немој да си мислиш дека по неколку години магично ќе имаш пари.
  12. Прави го она што го сакаш. А не она што другите сакаат да го правиш. Излегувај кога што ти се излегува. Останувај дома кога не ти се мрда од дома. Оди на одмор кога сакаш и каде сакаш. Не се затрчувај да одиш на одредено место кое тебе воопшто не те интересира само заради тоа што сите одат таму.
  13. НЕ СИ СТАРА. Како дипломирана студентка може да се почувствуваш „стара“, но не си. Ти си меѓу најмладите работоспособни лица на пазарот. Ти си на почетокот на кариерата и можностите се бескрајни за тебе. Престани да зборуваш колку си стара и уживај во твојот живот и младоста. Живеј повеќе и смеј се повеќе. Животот е краток. Уживај во него.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.