Почетна » Новости » Занимливости » 100-годишна баба сè уште вежба јога и тврди: Јогата ми го промени животот

100-годишна баба сè уште вежба јога и тврди: Јогата ми го промени животот

Џин Досон ќе ве инспирира да облечете тренерки и да започнете да вежбате. Џин пред четири дена наполни 100 години, но не се откажува од својата страст – јогата.

Џин Досон Џин Досон

Инспиративната бабичка, која во минатото страдала од дискус хернија, започнала да вежба јога кога имала 67 години и е убедена дека на тоа се должи нејзиниот долг живот и подобрената здравствена состојба.

„Навистина ми го промени животот и ми помогна да ги излекувам болките. Порано имав проблеми поради дискус хернија, но практикувањето јога навистина ми помогна да се справам со тоа“ – вели Џин.

Џин Досон Џин Досон Џин Досон

Досон, која до неодамна можела да прави и покомплицирани јога пози, била пример за сите кои присуствуваат на часовите со неа и често им велела: „Можете да го направите само она што можете да го направите“.

Џин Досон Џин Досон

Часовите не само што ѝ подариле на активната Британка исправено тело, концентрација, флексибилност и енергија, туку и ѝ донеле куп нови пријатели во чие друштво ужива секој понеделник. Затоа, Џин не планира да се „пензионира“ од јогата. „Практикувањето јога ми помогна повеќе од сè и навистина уживам во друштвото секоја недела, па мислам дека ќе продолжам уште извесно време“ – додава таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.