Почетна » Новости » Животни стории » Срце од 800 шприца: По 4 години неплодност и спонтан абортус, пар вака објави дека ќе има дете

Срце од 800 шприца: По 4 години неплодност и спонтан абортус, пар вака објави дека ќе има дете

Илјадници лица ширум светот тивко се борат со неплодноста. Пар од Флорида, кој 4 години се обидуваше да зачне и тагуваше по еден спонтан абортус, сега слободно може да се радува на прекрасната вест за бременост.

Викторија и Чез Амрхејн со фотографии соопштија дека ќе станат родители. Во фокусот стои срце од над 800 шприца, бебешко боди и фотографии од ултразвук.

Моќните фотографии прикажуваат колку инјекции и терапии морала да прими идната мајка за да го добие бебето кое сега расте во нејзината утроба.

Вест за бременост Вест за бременост

Прочитајте ја нејзината искрена порака:

Мислев на овој момент 1.481 ден. Како го правам токму ова. Како ја споделувам веста за бременоста која ја чекав толку долго.

Никогаш не помислував дека ќе треба да поминам толкав пат за да стигнам до овој момент.

Минатата година, мислев дека ќе објавам некоја слична вест, но наместо тоа, ја споделив приказната за нашата загуба.

Оваа година, благодарна сум што имам посреќна приказна за раскажување.

Започнавме да се обидуваме да зачнеме во април 2016 година, знаејќи дека веројатно имаме проблем од машката страна по обратната вазектомија. Сепак, докторот ни рече дека имаме добри шанси и да продолжиме да се обидуваме. Се обидувавме многу, со следење на овулацијата. Помина една година и време беше да се обратиме кај специјалист.

Во Јуни 2017 година започнавме консултации со репродуктивен ендокринолог, односно доктор за оплодување. Од тој момент наваму, чувствувам дека сме на на бесконечен ролеркостер со многу повеќе падови одошто подеми. Ни рекоа дека имаме добри шанси за зачнување со ИУИ (Интраутерина инсеминација), па направивме три без никаков успех. Во декември 2017 година се префрливме на IVF, каде прилично ни беше гарантиран успех.

Кога ќе се навратам наназад, ми изгледа како цела вечност од моментот кога го започнавме ова. Чудно ми е да мислам дека ќе дојде време кога нема да треба да примам повеќе инјекции, дека животот нема да ми биде исполнет со докторски прегледи, дека ќе се вратам во „нормала“.

Тие години беа прилично зафатени. Ги направивме трите ИУИ, 5 обиди за инвитро оплодување, 7 трансфери на ембриони, 2 хистероскопии, 1 лапароскопија и 1 дилатација и киретажа за нашата ќерка која ја изгубивме во истиот овој период минатата година.

Тоа е МНОГУ. На фотографијата, има повеќе од 800 шприца. Не знам колку ампули. Сè уште примам по 2 инјекции дневно за да ја задржам оваа бременост. Безброј апчиња. Безброј непреспани ноќи. Стотици часови поминати во истражување ‘што не е во ред’. Добив многу дијагнози: намалена резерва на јајниците, слаб квалитет на јајце клетки (во моите 20-ти години, прилично невообичаено), предвремено стареење на јајниците, ендометриоза во втор стадиум, прекин на повторна имплантација.

Имаше многу гнев. Зошто јас? Многу депресија. И многу, многу од потребната терапија.

Но, исто така имав голема поддршка. Мојот сопруг, човекот на кого можам да се потпрам за сè. Моите родители, моето семејство, моите пријатели.

Ние сме пресреќни и славиме што конечно сме на патот до успехот, покрај сè што поминавме за да стигнеме тука.

За тие кои сè уште не го нашле својот успех, тагувам сè уште со вас. За оние кои се откажале поради бројни причини, се надевам дека го пронајдовте вашиот мир и се надевам дека ќе најдете утеха, дури и ако чувствувате дека недостига дел од вас. За оние кои го пронајдоа својот успех, среќна сум што се вбројувам меѓу вас.

Неплодноста ме промени. Тагата која ја доживеав никогаш нема да ме напушти. Никогаш нема да можам едноставно да ја заборавам болката која ја искусив. Љубомората сè уште постои за оние кои лесно забременуваат. Сè уште се плашам за оваа бременост, иако сè досега беше одлично. Но, ако неплодноста ме научи на едно нешто, тоа е да не се откажувам до крајот.

Вест за бременост

Викторија и Чез очекуваат момче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.