Почетна » Новости » Животни стории » „Му го должам животот“: 22-годишен рагбист се обедини со пожарникарот кој му го спаси животот како бебе

„Му го должам животот“: 22-годишен рагбист се обедини со пожарникарот кој му го спаси животот како бебе

Рагбист се обедини со пожарникарот кој бестрашно влезе во црниот чад и му го спаси животот во пожар пред 22 години.

Ерик Ол

Ерик Ол имал само 5 месеци кога куќата на неговото семејство била зафатена од огнените јазици предизвикани од 4-годишно момче кое си играло со запалка. Неговиот татко бил во куќата, но собата на бебенцето била блокирана и не можел да го извлече.

Кога пожарникарот Том Бројлс стигнал на местото, бил пречекан од растроен татко кој го молел да му го спаси синчето.

„Поставивме скала до тој прозорец и јас се качив горе. Не можев да видам ништо низ црниот чад“ – рекол тој.

Ерик Ол

Том со рацете ја пронашол игротеката на подот и успеал да му го дофати телото.

„Ерик беше млитав во моите раце. Мислев дека е предоцна“ – раскажал тој за моментот.

Ерик Ол Ерик Ол

Дишните патишта на бебенцето биле многу отечени од вдишаниот чад и тоа морало да помине една недела во болница под седативи.

„Тоа беа најтешките седум дена. Но, на крајот се разбуди и оттогаш е добар. Благодарни сме. Никогаш нема да можеме доволно да му се заблагодариме“ – рекла мајка му Кели.

Ерик Ол Ерик Ол

За среќа, Ерик немал трајни последици од пожарот и сега е успешен рагбист и татко на едно момче.

Првата средба со пожарникарот кој му го спасил животот била за време на негов натпревар.

„Го гледав со мојата сопруга и си мислев: ‘Тоа е наше дете’. Се гордеам со него. Ќе одиме и на следниот натпревар“ – рекол Том.

Ерик Ол Ерик Ол

„Му го должам мојот живот“ – рекол Ерик за Том.

Ерик Ол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.