Почетна » Новости » Животни стории » „Имав убав живот, спасете помлад пациент“: 90-годишна Белгијка почина од КОВИД-19 откако отстапи респираторна машина

„Имав убав живот, спасете помлад пациент“: 90-годишна Белгијка почина од КОВИД-19 откако отстапи респираторна машина

Жена од Белгија починала од новиот коронавирус за да спаси помлад пациент.

90-годишната Сузан Хојлаертс одбила да биде поставена на респираторна машина, велејќи им на докторите: „Не сакам да користам респираторна машина. Чувајте ја за помлад пациент. Веќе имав убав живот“.

Сузан Хојлаертс

Сузан била примена на болница на 20 март со симптоми на намален апетит и отежнато дишење. Таа била тестирана за КОВИД-19 и откако резултатите биле позитивни, таа била ставена во изолација во болницата. Два дена подоцна, ја изгубила битката со вирусот.

„Не можев ниту да се збогувам со неа и немам ниту можност да присуствувам на нејзиниот погреб“ – изјавила ќерка ѝ Џудит, која е изненадена што мајка ѝ се заразила со коронавирус, бидејќи ги почитувала препораките за изолација.

Поради недостиг на респираторни машини, докторите во некои земји се принудени да избираат на кој пациент ќе му дадат можност да живее. Најчесто тие ги поставуваат на механичка вентилација пациентите кои имаат најголеми шанси да преживеат во борбата против вирусот.

Сузан Хојлаертс

Во Белгија досега се регистрирани речиси 14.000 случаи, а 828 лица го изгубиле животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8907 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.