Почетна » Новости » Животни стории » Вирално видео: Девојка си ги избричи главата и веѓите за да ја поддржи сестра си која се бори со рак и ја изгубила косата

Вирално видео: Девојка си ги избричи главата и веѓите за да ја поддржи сестра си која се бори со рак и ја изгубила косата

Хит видео го обиколува светот затоа што е пример за љубов, сочувство и бодрење од срце во тешки моменти.

Снимката ја покажува младата девојка Камила која објаснува дека си ја избричила главата за да ја охрабри нејзината сестра Габи, која се бори со рак и ја изгубила косата како резултат на хемотерапијата. Имено, Габи се чувствувала „грдо“ поради опаѓањето на косата и веѓите, а Камила самоуверено ѝ докажува дека убавината не се крие во физичкиот изглед со тоа што си ги бричи и веѓите.

„Овие немаат смисла. На кого му е гајле за нив? Мене не ми е. Те сакам. Изгледаш прекрасно“ - вели Камила додека си ги бричи веѓите.

Најемотивниот момент е кога двете сестри се прегрнуваат облеани во солзи.

Видеото стана вирален хит и поттикна многу славни личности како Ријана, Џенет Џексон, Адријана Лима и Емили Ратајковски да напишат охрабрувачки коментари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.