Март ќе ја предаде енергијата во рацете на рибите и овните. Сонцето заедно со уште четири планети ќе патува низ риби и овен, па родените во овие знаци најмногу ќе го почувствуваат позитивното влијание.
Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе нè научи дека љубовта понекогаш заслепува, а Меркур, планетата на комуникацијата, со своето ретроградно движење нè предупредува дека треба да сме потрпеливи и потолерантни еден кон друг ако сакаме да ги избегнеме расправиите.
| Датум | Случување |
| 11 март | ☽ Настапува млада месечина во риби |
| 12 март | ♂ Марс влегува во овен |
| 17 март | ☿ Меркур преминува во директно движење во риби |
| 20 март | ☉ Сонцето влегува во овен |
| 22 март | ♀ Венера влегува во овен |
| 27 март | ☽ Настапува полна месечина во вага |
Табела: најважните датуми за месец март и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
