Планетите прогнозираат возбудлив завршеток на годината. Поставеноста на небесните тела носи позитивни промени и оптимистички ја најавува новата година.
Марс ќе ни ја зголеми амбициозноста и ќе нè потсети на важноста на добрите пријатели, Венера ќе нè инспирира да гледаме на љубовта посериозно и да ги запоставиме љубовните игри, додека Меркур ќе нè потсети колку е важна комуникацијата и начинот на изразување на професионален план.
Добра вест е што Уран ќе го прекине ретроградното движење во овен, што значи дека ќе се зголеми бројот на пријатни изненадувања кои ќе нè оставаат со широки насмевки на лицата.
Стрелците и јарците ќе почувствуваат зошто ова е нивен период од годината. Наклонетоста на планетите ќе им подари незаборавни месец дена.
| Датум | Случување |
| 5 декември | ♂ Марс влегува во водолија |
| 6 декември | ☽ Настапува полна месечина во близнаци |
| 8 декември | ♃Јупитер преминува во ретроградно движење во лав |
| 10 декември | ♀ Венера влегува во јарец |
| 17 декември | ☿ Меркур влегува во јарец |
| 21 декември | ♅ Уран преминува во директно движење во овен |
| 22 декември | ☉ Сонцето влегува во јарец |
| 22 декември | ☽ Настапува млада месечина во јарец |
| 23 декември | ♄ Сатурн влегува во стрелец |
Табела: најважните датуми за месец декември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
