Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – април, 2014

Месечен хороскоп – април, 2014

Април ни носи многу промени и изненадувања. Венера, планетата на љубовта, ќе нè инспирира да целиме кон длабока поврзаност со љубовните партнери, Меркур ќе нè поттикне да зборуваме гласно и без страв кога станува збор за нашите потреби, желби и идеи, а Плутон со своето ретроградно движење ќе нè подучи како да се ослободиме од емотивниот багаж кој не ни дозволува да правиме големи скокови нанапред во животот.

Во текот на април ќе се случи редок астролошки феномен наречен Кардинален крст.

i

Голем Кардинален крст се нарекува настанот кога 4 планети се наоѓаат под агол од 90°. Големиот крст може да се разгледува и како две опозиции, т.е. поставеност на планетите под агол од 180°. Во Големиот крст има по една планета во секој астролошки елемент (оган, земја, воздух и вода).

Големиот крст овој месец ги вклучува Уран во овен, Јупитер во рак, Марс во вага и Плутон во јарец. Неговото влијание најмногу ќе го почувствуваат кардиналните знаци (овен, рак, вага и јарец).

Датум Случување
5 априлВенера влегува во риби
7 априлМеркур влегува во овен
15 априлПлутон преминува во ретроградно движење во јарец
15 април☽ Настапува полна месечина во вага
20 априлСонцето влегува во бик
23 априлМеркур влегува во бик
29 април☽ Настапува млада месечина во бик

Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.