Куба Либре

Куба Либре

Cuba Libre (во превод „Слободна Куба“) е освежителен коктел кој сигурно ќе ве измами да го пробате во текот на топлите пролетни и летни денови. Одличен е ако сакате да ги изненадите своите пријатели, затоа што повеќето луѓе го сакаат, а се приготвува многу лесно.

Легенди за потеклото

Куба Либре

Двете најпознати марки на рум, Havana Club и Bacardi, имаат своја верзија за тоа како и кога настанал коктелот.

Според Havana Club, коктелот Куба Либре за прв пат бил послужен во Куба во 1900г. Се смета дека во таа година колата за прв пат била пренесена во Куба од американските војници.

Според Bacardi, коктелот Куба Либре бил создаден за време на Шпанско-американската војна. Еден ден, група американски војници се собрале во кубански бар. Некој од нив порачал златно Bacardi со кола, коцки мраз и малку зелен лимон. Пијалокот предизвикал љубопитност кај останатите војници кои исто така го порачале. Еден војник решил дека треба да наздрават со зборовите „Por Cuba Libre“ (за слободна Куба) во чест на ослободувањето на островот, па така коктелот го добил и своето име. Но, оваа приказна има еден мал пропуст. Шпанско-американската војна и ослободувањето на Куба се случиле во 1898г., додека Кока-колата за прв пат во Куба се појавила во 1900г.

Иако точната приказна за настанувањето на коктелот Куба Либре е непозната и сложена, добро се знае рецептот за неговото приготвување, кое е многу лесно и едноставно.

Состојки

50mlбел рум
100mlКока-кола
½зелен лимон
мраз

Подготовка

Cuba Libre се служи во висока чаша без рачка.

  1. Ставете во чашата неколку коцки мраз, а потоа додајте го румот и налејте ја Кока-колата.
  2. Пресечете ја половинката зелен лимон на две четвртинки. Едното парче исцедете го во чашата, а со другото украсете.

Cuba Libre – ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 68%
  • 14%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 5717 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.