Девет месеци по раѓањето на синчето, Хејли Бибер сними фотосесија за „Вог“.
Во интервјуто за јунското издание од модното списание, 28-годишната манекенка за првпат ја сподели својата приказна за породувањето, компликациите и постпородилниот период.
Сопругата на Џастин Бибер немала лесно породување и покрај тоа што ги следела сите совети и била во одлична физичка форма, но компликациите за неа се појавиле по раѓањето на бебето.


„Породувањето беше најтешкото нешто кое некогаш сум го направила“ – рекла Хејли, на која започнала да ѝ тече плодова вода во 39-тата недела од бременоста и имала испровоцирано породување.
„Не беше забавно. Ми го пукнаа водењакот. Породувањето започна и траеше неколку часа. Немаше ниту епидурална, ништо“ – објаснила таа.


Целиот процес на породување за Хејли траел 18 часа, но компликациите продолжиле.
Новата мајка имала постпартална хеморагија, која се карактеризира со обемно крварење и се случува на 1-5 од 100 породувања. Постпарталната хеморагија може да доведе до шок во телото, до откажување на органите, па дури и до смрт.
„Му верувам со животот на мојот доктор. Поради тоа бев смирена и знаев дека тој нема да дозволи ништо да ми се случи. Но, премногу крварев и луѓето умираат од тоа, па таа мисла ми минуваше низ мозокот“ – раскажала таа.


Хејли и Џастин стапија во брак во 2018 година. Џек е нивно единствено дете.


Погледнете ги фотографиите од фотосесијата:








