Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Гурманско извини: Шеф Филип со бифтек Велингтон ја расположи саканата по мало недоразбирање

Гурманско извини: Шеф Филип со бифтек Велингтон ја расположи саканата по мало недоразбирање

Филип Поповски на перфектен начин стави крај на мало недоразбирање со сопругата Ивана. Харизматичниот шеф, кој стои зад „Готвиме со Фичо“, приготви деликатес кој ја расположи неговата сакана и ги спои да уживаат во романтична вечера.

Краткиот љубовен спор настанал кога познатиот готвач заборавил да купи букет за роденденската забава на блиска пријателка на Ивана, за што таа оправдано му се подналутила.

Присетувајќи се на денот што кулминира со гурманско извини, Филип раскажа:

Петочки стандардно бев растрчан за што поскоро да ги завршам сите обврски. Додека работев на нов рецепт, ми се јави Ивана за да ми каже дека вечерта сме поканети на роденден кај една од најдобрите пријателки. И тука настана едно недоразбирање. Ми рекла ‘купи букет’, а јас сум чул ‘Купив и букет’, па расеано си помислив добро е, Ивана сè има средено.

Некако ми летна времето и дојде 7 часот, па се телепортирав дома. Само што го пречекорив прагот, ме пречека намуртено лице и прашањето ‘А каде е букетот?’. За да си ја поправам грешката, малку задоцнивме на забавата, но си поминавме СУПЕР. А следниот ден, за да ѝ се извинам на Ивана, направив едно од нејзините омилени јадења.

Шеф Филип ѝ зготви на саканата биф Велингтон и го сподели рецептот:

Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш

Овој рецепт е вистински класик. Можете да го најдете насекаде низ рестораните по светот. Не е толку тежок за правење колку што си бара внимание и љубов.

Потребно ви е едно поголемо парче јунешко филе (околу 400/500гр). Ова филе ќе го зачините со сол, црн бибер Вегета Маестро и доколку сакате, додајте некој зачин по ваш кеиф. 😄

Го ставате на топла тава да се пропржи од сите страни, но тотал да биде 1 минута, не повеќе. Значи не го готвите, туку само му правите термичка обвивка.

Потоа извадете го и оставете го да се олади. Откако ќе се олади, премачкајте го со Дижон сенф од сите страни.

Слатка си кога се лутиш

Додека се лади, во истата тава, ставете да се пржат ситно исецкани шампињони, заедно со ситно исечкан кромид и лук. Зачинете со димена црвена пиперка, сол и шарен бибер. Доколку сакате, употребете и некој друг зачин од прекрасната понуда на Подравка. Пржете додека не излезе цела вода и не добиете густа смеса. На крај, за деглазирање можете да налејте малку виски, па промешајте додека испари алкохолот и можете да ја извадите смесата да се лади.

На работната маса распостелете тенка стреч фолија и наредете ја со тенки ленти пршута. Одозгора нанесете слој од пржените печурки. Потоа врз печурките ставете го бифтекот и со помош на фолијата изролајте го парчето месо. Вака завиткано месото, стегнете го со фолијата и ставете го во фрижидер додека работите со тестото.

Растегнете едно лиснато тесто (имате готови - замрзнати по скоро сите маркети), да биде тенко околу 3 милиметри. Ставете го изладеното и изроланото парче месо врз тестото и изролајте го повторно за да го завиткате во лиснатото тесто. Претходно намачкајте со изматена жолчка за да се залепи тестото и да не се отвори при печење. Потоа оформете ја векната како што сакате и украсете ја по ваш избор. Во видеото ќе видите како јас ја украсив за оваа прилика. Меѓутоа секогаш украсувањето е различно. Зависно од тоа како се осеќате на креативно поле.😄

Печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 15 минути со вентилатор. Или додека не се испече тестото, а тоа можете да го контролирате визуелно.

Додека се пече овој специјалитет, спремете сос. Сосевите за овој деликатес секогаш ги избирам различно. За оваа комбинација, се одлучив за сос од печурки и сенф.

Ставете да се пржат сецкани шампињони со ситно исецкано лукче. Потоа зачинете со димена црвена пиперка Вегета Маестро, сол и црн бибер Вегета Маестро. Доколку сте фан на рузмарин, додајте го и него (Ивана не сака рузмарин). Пропржете ги да ја ослободат водата, потоа додајте малку масло инфузирано со тартуф и половина лажица брашно. Пропржете го брашното додека не стане сува смеса заедно со печурките. Потоа, сипете 300мл полномасно млеко и матете со жица додека не се згусне. Сервирајте на кришки со малку сос од страна.

Слатка си кога се лутиш Слатка си кога се лутиш

Видео

Уживајте!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10394 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.