Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елена Ристеска покрај внуката Делфина и сестра си Драгица прими признание во Скопје

Елена Ристеска покрај внуката Делфина и сестра си Драгица прими признание во Скопје

Елена Ристеска се закити со ново признание во Скопје.

39-годишната музичарка го прими признанието за особен придонес во културата и музичката уметност од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Заедно со неа беа и нејзината сестра Драгица и внуката Делфина.

Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска

На Instagram, нашата пејачка сподели фотографии и напиша:

Благодарам за признанието за особен придонес во културата и музичката уметност до Општина Аеродром и до в.д. Градоначалникот Дејан Митески.

Во неделата на 18ти мај го добив ова признание и ми претставува огромно задоволство и среќа бидејќи во Ново Лисиче израснав, во Аеродром продолжив да живеам, а каде и да ме однесе патот во иднина, секогаш моите најубави детски спомени ќе ме враќаат во мојата општина Аеродром.

Поддршката од мојата внука Делфина и мојата сестра Драгица ми е сѐ на светов, тие се секогаш до мене. Но, и дружбата со останатите добитници и моите колеги од музиката беше убава.

Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска

ФОТО: Instagram / ELENA RISTESKA ERA

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25828 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.