Единствениот син на легендарната манекенка Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, кој е и постар брат на манекенката Каја Гербер, почина на 27-годишна возраст во установа за рехабилитација.
Модата на свеченото отворање на „Браќа Манаки“ донесе различни толкувања на вечерната елеганција, а Славица Јанкуловска Цаци се издвои со артистична игра на црна силуета и раскошни цветни форми. Погледнете.
Зоран Љутков и неговата сопруга Маја беа меѓу познатите парови кои присуствуваа на свеченото отворање на 47-мото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Светски мајстори на кинематографијата, истакнати домашни филмски имиња и признанија за творештво кое остава трага ја одбележаа свечената церемонија со која беше отворено 47-мото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Битола е обземена од филмската магија. Синоќа беше отворен филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ со бројни филмски уметници и љубители на седмата уметност. Погледнете галерија од црвениот тепих.
На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.
Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума.
Од Сараево до Торонто, од 12 Monkeys до Foreign Tongue, Борис Мојсовски изгради меѓународна кариера гледајќи го светот низ камера. На 22 септември во 17:00 часот, публиката во Битола ќе може да го види неговиот најличен филм.