Погледнете ги настапите на Адел, Ријана, Бруно Марс, Ед Ширан, Florence + The Machine и Coldplay на синоќешната манифестација Brit Awards во О2 арената во Лондон.
Додека многумина сè уште не можат да му простат на Крис Браун за бруталното претепување на Ријана, таа очигледно веќе одамна го сторила тоа. Ријана и Крис објавија два заеднички ремикса во кои си разменуваат стихови полни со сексуална енергија. Слушнете ги песните тука.
Тејлор Момсен, позната по улогата на Џени Хамфри во серијата „Gossip Girl“, и нејзиниот бенд „The Pretty Reckless“ го објавија спотот за баладата „You“. Погледнете го видеото.
Тејлор Свифт премиерно на MTV го објави својот најнов спот за песната „Safe & Sound“. Во меланхоличното видео 22-годишната пејачка се шета боса низ шума, облечена само во винтиџ ноќница. Погледнете го спотот тука.
Најемотивните моменти на доделувањето на „Греми“ наградите настапија кога Џенифер Хадсон се појави на темната сцена и со кратка и едноставна изведба на хитот „I Will Always Love You“ ги потсети гледачите на моќта на гласот на Витни. Погледнете го видеото.
На обожавателите на музиката на Адел им недостигаа нејзините одлични настапи во живо. Чекањето заврши. Адел е подготвена да се врати на сцената и тоа го докажа со совршена „а капела“ изведба на „Rolling In The Deep“ во емисијата „60 minutes“. Погледнете го видеото.
Лејди Гага повторно го оживеа Џо Калдероне. Пет месеца по објавувањето на првото модно видео, Лејди Гага го објави четвртиот моден спот за песната „You and I“, во којшто главната улога ја има нејзиното машко алтер его, Џо Калдероне. Погледнете го тука.
Мадона вети и приреди голем спектакл на полувремето на Супер Боул натпреварот. 53-годишната пејачка со енергична изведба покажа зошто е нарекувана кралица на поп музиката. Погледнете го видеото од долгонајавуваниот настап.
Според ново истражување, седум од десет мажи имаат плачено на некоја песна, а на речиси 90% од жените некогаш им се навлажниле очите додека слушале емотивна песна. Слушнете ги 15-те најтажни песни на сите времиња.
Музичката соработка на Дејвид Гета и Ники Минаж, која носи наслов „Turn Me On“, доби и видео запис. Во спотот 29-годишната пејачка заедно со францускиот диџеј поминуваат низ мрачен дел од град и се опкружени со луѓе-кукли и голи манекени. Погледнете го видеото.