Бијонсе со гордост го покажува големото стомаче во новиот спот за „Countdown“. Видеото е динамично, ретро и колоритно, инспирирано од 60-тите години и од стилот на модната икона Одри Хепберн. Погледнете го тука.
Обожавателите на Бритни добија мало изненадување откако на интернет се појави досега необјавена балада на 29-годишната пејачка. Песната е со наслов „Everyday“. Слушнете ја тука.
Лејди Гага во долга тоалета од чипка и со тиркизна перика на главата танцува со Тони Бенет во музичкото видео за нивниот дует „The Lady Is A Tramp“. Погледнете го тука.
Новиот спот на Енрике за „I Like How It Feels“ е режиран од него самиот, а во видеото се појавуваат Питбул, Ева Лонгорија, Хуанес, Никол Шерцингер и Серена Вилијамс. Погледнете го тука.
Џеси Џеј го објави спотот за песната „Who You Are“. Во емотивниот спот црнокосата пејачка седи на стол и пее, додека во нејзиниот дом буквално започнува бура. Погледнете го тука.
Енрике Иглесијас и Џенифер Лопез направија секси дует – „Mouth2Mouth“. За да биде сликата што поцелосна, заедно со песната беше објавен и омотот на кој двете музички ѕвезди се полуголи и подготвени да си разменат страсни бакнежи. Слушнете го дуетот тука.
Талентираната Адел го објави спотот за хитот „Someone Like You“. Без специјални ефекти, шашави костими или шминка, видеото е едноставно и меланхолично, но и длабоко емотивно, исто како и самата песна. Погледнете го тука.
Бруно Марс ја објави својата најнова песна „It Will Rain“, која е првиот официјален сингл од саундтракот на филмот „The Twilight Saga: Breaking Dawn Part I“. Во баладата тој ја опишува болката што би ја чувствувал ако ја изгуби љубовта на својот живот. Слушнете ја тука.
По три децении успешно постоење на музичката сцена, рок бендот R.E.M. одлучи да им каже збогум на своите обожаватели. Меѓу најголемите нивни хитови се „Everybody Hurts“, „Losing My Religion“ и „The One I Love“.