Лејди Гага го објави четвртиот сингл од нејзиниот албум „Born This Way“. „Hair“ е диско песна која доаѓа од продуцентските раце на RedOne, а вклучува саксафонски звуци од феноменалниот Кларенс Клемонс. Слушнете ја тука.
Елдар Гасимов и Нигар Јамал со романтичната балада „Running Scared“ му ја донесоа првата евровизиска победа на Азербејџан. На второто место се најде Италија, а Шведска го освои третото место. Погледнете ги нивните настапи и дознајте каков беше пласманот на Македонија во полуфиналето.
Заврши второто евровизиско полуфинале. Нашиот претставник Влатко Илиевски имаше одличен настап со „Русинка“, но не успеа да ја освои публиката и да обезбеди место во финалето.
Лејди Гага го објави својот најнов сингл, „The Edge of Glory“. Инспирацијата за песната ја црпела од нејзиниот починат дедо и изјавила дека песната е за последните моменти на овој свет. Слушнете ја тука.
Нежната балада „California King Bed“ доби и соодветен спот во кој Ријана и нејзиниот љубовник се оддалечуваат еден од друг, иако физички се блиску. Видеото е едноставно, но е исполнето со прекрасни кадри. Погледнете го овде.
Тејлор Свифт направи охрабрувачко видео за децата кои се исмејувани на училиште и со тоа им се придружи на Кети Пери (Firework) и Пинк (Raise Your Glass) кои претходно снимија спотови со моќна порака. Погледнете го спотот за „Mean“ овде.
Никол Шерцингер објави два музички спота за нејзината најнова песна, „Right There“. Видеата во најголем дел се идентични, но во едното се појавува и 50 Cent, со кого Шерцингер соработуваше за ремиксот на песната. Погледнете ги овде.
Џенифер Лопез изгледа феноменално во нејзиниот најнов спот за песната „I’m Into You“. 41-годишната ѕвезда заедно со згодниот Вилијам Леви, познат и како мексиканскиот Бред Пит, гарантирано ќе му го забрзаат срцето на секој што ќе гледа музичкиот спот. Погледнете го видеото овде.
Неверојатната изведба на песната „How Great Thou Art“ на Кери Андервуд стана интеренет сензација и нејзиното видео на YouTube досега веќе е прегледано над 1 милион пати, а комплиментите не престануваат да се трупаат во коментарите. Погледнете го настапот.
Ако некој може да направи квалитетна пародија на песните на Лејди Гага, тоа е легендарниот Ал Јанкович. И за голема радост на многумина, токму тоа се случи. „Born This Way“ стана „Perform This Way“. Слушнете ја тука.