Нежната балада „California King Bed“ доби и соодветен спот во кој Ријана и нејзиниот љубовник се оддалечуваат еден од друг, иако физички се блиску. Видеото е едноставно, но е исполнето со прекрасни кадри. Погледнете го овде.
Тејлор Свифт направи охрабрувачко видео за децата кои се исмејувани на училиште и со тоа им се придружи на Кети Пери (Firework) и Пинк (Raise Your Glass) кои претходно снимија спотови со моќна порака. Погледнете го спотот за „Mean“ овде.
Никол Шерцингер објави два музички спота за нејзината најнова песна, „Right There“. Видеата во најголем дел се идентични, но во едното се појавува и 50 Cent, со кого Шерцингер соработуваше за ремиксот на песната. Погледнете ги овде.
Џенифер Лопез изгледа феноменално во нејзиниот најнов спот за песната „I’m Into You“. 41-годишната ѕвезда заедно со згодниот Вилијам Леви, познат и како мексиканскиот Бред Пит, гарантирано ќе му го забрзаат срцето на секој што ќе гледа музичкиот спот. Погледнете го видеото овде.
Неверојатната изведба на песната „How Great Thou Art“ на Кери Андервуд стана интеренет сензација и нејзиното видео на YouTube досега веќе е прегледано над 1 милион пати, а комплиментите не престануваат да се трупаат во коментарите. Погледнете го настапот.
Ако некој може да направи квалитетна пародија на песните на Лејди Гага, тоа е легендарниот Ал Јанкович. И за голема радост на многумина, токму тоа се случи. „Born This Way“ стана „Perform This Way“. Слушнете ја тука.
Иако требаше да биде објавена на 19 април, една верзија на песната „Judas“ стигна до рацете на обожавателите на Гага. Набрзо потоа Лејди Гага ја објави и официјалната верзија. Слушнете ја тука.
Бритни Спирс оди во подземјето во новиот спот за песната „Till the World Ends“. Дејството се одвива на 21 декември 2012 година, денот кога Маите предвиделе дека ќе дојде крајот на светот. Погледнете го тука.