Џенифер Лопез е неодолива за мажите во спотот за песната „Papi“. 42-годишната пејачка предизвикува хаос во 5-минутното видео, бидејќи секој маж што ќе ја погледне се заљубува во неа. Погледнете го спотот тука.
Лејди Гага го објави вториот моден филм за нејзиниот сингл „You and I“. 25-годишната пејачка се расоблекува и ја вади периката за да ја покаже својата природна коса, а стратешки поставена црна линија ги крие само нејзините брадавици. Погледнете го видеото тука.
Музичкото видео на Ејми Вајнхаус и Тони Бенет за песната „Body And Soul“ ја доживеа својата премиера. Спотот беше објавен денес, кога Ејми требаше да наполни 28 години. Погледнете го тука.
По петгодишно отсуство од музичката сцена, американскиот рок бенд Evanescence се враќа со спотот за енергичната песна „What You Want“. Погледнете го тука.
Познатото списание Rolling Stone спроведе анкета за да ги определи најлошите песни на 90-тите години. „Barbie Girl“ на Aqua се најде на првата позиција, а веднаш зад неа е мегапопуларната „Macarena“. Погледнете кои 10 хита го заслужија епитетот „најлоши“.
Без силна шминка, без високи потпетици и без луди креации Лејди Гага покажа едноставност и елеганција во новото видео за промовирање на песната „You and I“. Погледнете го тука.
За време на доделувањето на MTV VMA наградите, премиерно беше прикажан заедничкиот спот на Ријана и Ники Минаж за песната „Fly“. Спотот беше снимен уште во јануари, но неговото објавување беше одложувано сè досега. Погледнете го тука.
Ријана го покажува својот динамичен и забавен живот во спотот за „Cheers (Drink to That)“. Во видеото се појавува и Аврил Лавињ, чиј хит „I'm With You“ е користен како семпл за новиот сингл на Ријана, а исто така се појавуваат и Џеј-Зи и Кание Вест.
Омилената песна на Бијонсе од нејзиниот најнов албум доби и свој видео запис. Во спотот, 29-годишната пејачка е прикажана во целата своја убавина. Со бавни движења таа ја заведува камерата додека преку текстот ја искажува својата длабока љубов за мажот од нејзините соништа. Погледнете го видеото тука.