Талентираната Адел го објави спотот за хитот „Someone Like You“. Без специјални ефекти, шашави костими или шминка, видеото е едноставно и меланхолично, но и длабоко емотивно, исто како и самата песна. Погледнете го тука.
Бруно Марс ја објави својата најнова песна „It Will Rain“, која е првиот официјален сингл од саундтракот на филмот „The Twilight Saga: Breaking Dawn Part I“. Во баладата тој ја опишува болката што би ја чувствувал ако ја изгуби љубовта на својот живот. Слушнете ја тука.
По три децении успешно постоење на музичката сцена, рок бендот R.E.M. одлучи да им каже збогум на своите обожаватели. Меѓу најголемите нивни хитови се „Everybody Hurts“, „Losing My Religion“ и „The One I Love“.
Џенифер Лопез е неодолива за мажите во спотот за песната „Papi“. 42-годишната пејачка предизвикува хаос во 5-минутното видео, бидејќи секој маж што ќе ја погледне се заљубува во неа. Погледнете го спотот тука.
Лејди Гага го објави вториот моден филм за нејзиниот сингл „You and I“. 25-годишната пејачка се расоблекува и ја вади периката за да ја покаже својата природна коса, а стратешки поставена црна линија ги крие само нејзините брадавици. Погледнете го видеото тука.
Музичкото видео на Ејми Вајнхаус и Тони Бенет за песната „Body And Soul“ ја доживеа својата премиера. Спотот беше објавен денес, кога Ејми требаше да наполни 28 години. Погледнете го тука.
По петгодишно отсуство од музичката сцена, американскиот рок бенд Evanescence се враќа со спотот за енергичната песна „What You Want“. Погледнете го тука.