Кралицата на поп музиката малку по малку го најавува своето враќање на музичката сцена. 53-годишната пејачка има нов музички подарок за нетрпеливите обожаватели – музички запис со наслов „Masterpiece“. Слушнете ја песната тука.
Тејлор Свифт го објави спотот за песната „Ours“. Во него, 21-годишната пејачка доживува досаден ден на работа, но го издржува затоа што знае дека по работното време ќе го пречека својот сакан (Зак Гилфорд) кој се враќа од војска. Погледнете го спотот тука.
Лејди Гага официјално го објави долгонајавуваниот спот за „Marry the Night“. Видеото трае скоро 14 минути и содржи голотија, фрустрираност, танцување и многу сцени кои потсетуваат на филмовите „Girl, Interrupted“ и „Black Swan“. Погледнете го тука.
Бијонсе тукушто го објави сексапилниот спот за песната „Dance For You“. Во црно-белото видео популарната пејачка танцува сензуално, облечена во провокативна свилена облека и халтери. Погледнете го спотот тука.
Џенифер Лопез, Енрике Иглесијас, Кети Пери, Maroon 5 и Кристина Агилера, Дејвид Гета и Ники Минаж, Џастин Бибер, Крис Браун... Погледнете некои од највпечатливите настапи на доделувањето на АМА наградите.
Ејми Вајнхаус продолжува да живее преку својата музика. Постхумно е објавен видео записот за нејзиниот најнов сингл „Our Day Will Come“. Погледнете го тука.
Лејди Гага најави дека спотот за песната „Marry the Night“ ќе биде убедливо најдолгиот видео запис кој таа го има објавено досега. Погледнете ја увертирата за спотот.
Бијонсе најпосле реши да го покаже невестинскиот фустан. Taa стапи во брак со Џеј-Зи во 2008 година, но тоа беше една од најтајните свадби и од неа не исплива ниту една фотографија во јавноста. Во новото емотивно видео за „I Was Here“ Бијонсе за само три секунди ни дозволува да го ѕирнеме фустанот.
Кети Пери штотуку го објави долгонајавуваниот спот за хитот „The One That Got Away“. Во видеото Кети со помош на визуелни ефекти се претвора во старица која тагува за изгубената љубов на својот живот. Погледнете го носталгичното видео.
Ријана пред околу еден час објави уште една песна од својот најнов албум и со неа веќе „зарази“ илјадници свои фанови. Слушнете ја песната „You Da One“, која има потенцијал да стане голем хит.
По одложување од неколку недели, Бруно Марс денес го објави својот најнов спот за песната „It Will Rain“. Љубовната балада е водечки сингл од саундтракот на филмот „Breaking Dawn Part I“. Видеото нè носи низ среќните и тажните моменти на врската на Бруно со неговата сакана. Погледнете го тука.