За време на доделувањето на Американските музички награди, на сцената во Нокиа театарот во Лос Анџелес застанаа многу популарни музичари кои ја забавуваа публиката. Кристина Агилера настапи со песни од најновиот албум „Lotus“, Пинк воодушеви со акробатска изведба, Карли Реј Џепсен ги разигра присутните со хитот „Call Me Мaybe“...
Свеченоста заврши со динамичен настап на Псај кој ја исправи публиката на нозе.