Бијонсе тукушто го објави сексапилниот спот за песната „Dance For You“. Во црно-белото видео популарната пејачка танцува сензуално, облечена во провокативна свилена облека и халтери. Погледнете го спотот тука.
Џенифер Лопез, Енрике Иглесијас, Кети Пери, Maroon 5 и Кристина Агилера, Дејвид Гета и Ники Минаж, Џастин Бибер, Крис Браун... Погледнете некои од највпечатливите настапи на доделувањето на АМА наградите.
Ејми Вајнхаус продолжува да живее преку својата музика. Постхумно е објавен видео записот за нејзиниот најнов сингл „Our Day Will Come“. Погледнете го тука.
Лејди Гага најави дека спотот за песната „Marry the Night“ ќе биде убедливо најдолгиот видео запис кој таа го има објавено досега. Погледнете ја увертирата за спотот.
Бијонсе најпосле реши да го покаже невестинскиот фустан. Taa стапи во брак со Џеј-Зи во 2008 година, но тоа беше една од најтајните свадби и од неа не исплива ниту една фотографија во јавноста. Во новото емотивно видео за „I Was Here“ Бијонсе за само три секунди ни дозволува да го ѕирнеме фустанот.
Кети Пери штотуку го објави долгонајавуваниот спот за хитот „The One That Got Away“. Во видеото Кети со помош на визуелни ефекти се претвора во старица која тагува за изгубената љубов на својот живот. Погледнете го носталгичното видео.
Ријана пред околу еден час објави уште една песна од својот најнов албум и со неа веќе „зарази“ илјадници свои фанови. Слушнете ја песната „You Da One“, која има потенцијал да стане голем хит.
По одложување од неколку недели, Бруно Марс денес го објави својот најнов спот за песната „It Will Rain“. Љубовната балада е водечки сингл од саундтракот на филмот „Breaking Dawn Part I“. Видеото нè носи низ среќните и тажните моменти на врската на Бруно со неговата сакана. Погледнете го тука.
Најновиот спот на Duran Duran ги собра на едно место незаборавните оригинални супермодели од 90-тите. Синди Крафорд, Наоми Кембел, Хелена Кристенсен, Ева Херцигова и Јасмин Ле Бон се во главните улоги на видеото исполнето со сексапил, кожа, блескави кристали и дизајнерски креации.
Лејди Гага имаше театрален настап, Queen и Адам Ламберт покажаа што е вистинска музика, Бруно Марс создаде позитивна еуфорична атмосфера... Погледнете ги најдобрите настапи на MTV EMA.
Бијонсе прави летна забава покрај базен во новиот спот за песната „Party“. Во видеото како специјални гости се појавуваат Џеј Кол, Соланж (сестрата на Бијонсе) и Кели Роланд. Погледнете го спотот тука.
Љубовта е како дрога за Ријана во нејзиниот долгоочекуван спот за „We Found Love“. Видеото е изградено околу идејата дека љубовта може да биде убаво нешто, но исто така може и да нанесува болка и да биде опасна. Погледнете го тука.