Почетна » Љубов и секс » Сингл » Како да му го зголемите интересот на првиот состанок?

Како да му го зголемите интересот на првиот состанок?

Првиот состанок е особено важен, па токму затоа повеќето луѓе чувствуваат голем притисок да се претстават во најдобро светло. И жените и мажите си имаат свои тактики и правила за да предизвикаат поголем интерес и да остават позитивен впечаток.

Маж и жена на прв состанокЗа да го освоите мажот што го посакувате, треба да го натерате да трча по вас

Во играта наречена состанување, мажите обожаваат да се во улогата на ловци. Тоа значи дека за да го освоите мажот што го посакувате, треба да го натерате да трча по вас. Така, кога на крајот ќе ве има во својата прегратка, тој ќе почувствува дека постигнал нешто големо, т.е. дека освоил нешто што не треба да го испушти од раце.

Па, еве неколку општи правила за првите состаноци кои ќе ви помогнат да ја постигнете целта:

  1. Изгледајте неодоливо, а не како да сте се приготвувале за на свадба. Едноставна брановидна фризура и малку кармин и маскара ќе направат да изгледате фантастично и романтично, а нема да остават впечаток дека цел ден сте се приготвувале за вечерното излегување.
  2. Оставете го да ве чека, но не предолго. Никогаш не пристигнувајте порано од договореното. Зголемете му го интересот со тоа што ќе го оставите да почека некоја минута, но ако доцните повеќе од 10 минути, тогаш ризикувате да оставите лош впечаток и да го изнервирате.
  3. Бидете отворени за разговор, но зачувајте ја мистеријата. Покажете дека сте комуникативна личност, но кога станува збор за вас, бидете заштитнички настроени и зачувајте ги своите тајни. Мистеријата ги полудува мажите.
  4. Имајте краток прв состанок. Колку и да ви е убаво заедно, завршете го првиот состанок порано. Искористете го времето што ќе го поминете заедно за да му го зголемите интересот максимално, по тој нема да може да дочека да дојде вашата втора средба.
  5. Дозволете му тој да ја плати сметката на првиот состанок. Ако ве поканил да излезете и е заинтересиран за вас, тогаш сигурно е подготвен да ја плати сметката. Доколку премногу настојувате да се вклучите, може да го навредите.
  6. Дајте му го вашиот број на мобилен, но не го барајте неговиот. Кажете му го вашиот телефонски број, но не го вадете мобилниот за да го запишете неговиот. Доколку тој е заинтересиран за вас, сигурно ќе се јави. Ако состанокот поминал одлично, очекувајте да ви се јави уште истата вечер или рано наредниот ден со изговор да ви го каже неговиот број.
  7. Отежнете му го закажувањето на втор состанок. Тој ви вели дека сака да се сретнете наредната среда на кафе. Ваша задача е да го закажете состанокот во термин што вие ќе го изберете, па прашајте го дали му одговара во четврток со изговор дека имате планови за средата.
  8. Не му се предавајте лесно. Во текот на првите неколку состаноци задолжително треба да му одолеете на искушението да имате секс. Многу се ретки долгите врски кои започнале со секс на првиот состанок.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.