Почетна » Љубов и секс » Сингл » 7-те смртни гревови на излегувањето

7-те смртни гревови на излегувањето

Денес толку е тешко го пронајдете вистинскиот маж, па за да го најдете и задржите, потребно е да не правите грешки. Дознајте кои се седумте смртни гревови на состанувањето, за да не ја убиете врската уште пред таа да се формирала.

Маж и женаАко брзате да имате секс со партнерот пред тој да ве запознае, ризикувате да не ве сфати сериозно.
  1. Премногу информација. Нормално е на почетокот на врската да сакате колку што е можно подобро да се запознаете и да станете поблиски. Но, ако веднаш се обидете да му го раскажете цел живот, ќе добиете спротивен ефект. За да не го исплашите со вашето предолго зборување за себе, ограничете ја информацијата која ќе му ја дадете за вас. Сепак, ако тој е вистинскиот, ќе го имате цел живот пред вас. Оставете малку мистерија околу вас.
  2. Брзате кон сексот. Нема некое правило кое да ви кажува кога е најдоброто време да се препуштите кон интимен контакт, но ако имате секс пред тој да успеал да ве запознае, ризикувате тој да не ве сфати сериозно. Затоа не се плашете да почекате, пред да го направите тој чекор.
  3. Премногу комуникација. Мажите обично сакаат да бидат во улогата на ловци и не сакаат кога некој постојано трча по нив. Ако постојано се обидувате да комуницирате со него преку мобилен, SMS и сл., тој ќе го изгуби интересот кон вас. Оставете го телефонот настрана и чекајте тој да ве побара.
  4. Шпионирате. Дали се искушувате да го „позајмите“ неговиот мобилен, за да дознаете од кој беше пораката која тој ја доби толку касно вечерта? Не го правете тоа. Нема побрз начин да ја уништите довербата од тоа да бидете фатени како шпионирате.
  5. Глумите оргазам. Сигурно си мислите дека малку глума нема како да му наштети на врската. Но, што ако тој навистина остане мажот на вашиот живот? Ќе продолжите да глумите цел живот?
  6. Се запоставите. Без разлика дали сте во врска или не, не треба да ги игнорирате вашите потреби. Негувајте се како физички, така и психички. Само кога вие се чувствувате задоволни, можете целосно да му се посветите на вашиот партнер и да ја одржувате вашата врска.
  7. Очекувате тој да се промени. Луѓето не се менуваат така лесно. Ако има многу работи кои ви сметаат кај него, можеби е подобро да престанете да го очекувате моментот кога тој ќе се прилагоди кон вашите очекувања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.