Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 10 грешки што жените ги прават во почетокот на врската

10 грешки што жените ги прават во почетокот на врската

Почетокот на секоја врска е исто толку страшен, колку и возбудлив. Ако најдовте човек со којшто сакате да сте заедно, тогаш добро размислете како се однесувате, за да продолжите да ја зајакнувате вашата врска.

Маж и женаНикогаш не го принудувајте да ви искажува љубов или да се обврзе повеќе кон вас

Постојат некои грешки кои жените често ги прават, а кои можат да бидат фатални за врската. Прочитајте кои се тие и најдете начин да ги избегнете.

  1. Се претставувате пред него како некоја што не сте. Ако наспроти вас седи човек со којшто сакате да сте во врска, тогаш воопшто не треба да прикривате каква личност сте и да се претставувате како нешто што не сте. Доколку обожавате да јадете плескавица и голем помфрит, не си порачувајте за јадење сезонска салата само затоа што некаде сте прочитале дека тоа им потскажува на мажите дека се грижите за својата линија. Ако не сте обожавателка на научно-фантастичните филмови, подобро кажете му го тоа уште на првиот состанок, пред да ве покани да гледате филмови од тој жанр, а вие да умирате од досада.
  2. Не се контролирате при консумација на алкохол. Навистина, две-три чашки ќе ве опуштат и ќе можете да водите порелаксиран разговор. Но, ако претерате, нема да можете убаво да се изразувате, ќе заборавите на манирите и ќе оставите погрешен впечаток. Некои мажи можат и да го злоупотребат тоа што не ќе можете да размислувате трезвено! Контролирајте се колку пиете за да не жалите потоа.
  3. Заборавате на своето друштво, хобијата и интересите. Никогаш не бидете од оние жени кои кога ќе влезат во врска забораваат дека претходно имале друг живот. Врската не треба наеднаш да ви стане единствен приоритет. Ако покажете дека имате свој живот кој си го сакате, тогаш за него вие ќе бидете поинтересна личност. Оставете го него да се бори за да освои место во вашиот живот, а не вие да започнувате нов живот во чиј центар ќе биде само тој.
  4. Прерано му ги искажувате своите чувства и го принудувате да се обврзе. Не брзајте по неколку состаноци да ги кажете зборовите „Те сакам“. Прво, тоа е премногу краток период за кај вас да се развијат такви чувства (најверојатно уште не се познавате доволно) и второ, таквата ваша изјава ќе го преплаши. Најлошо е да очекувате тој да ви возврати со зборовите „И јас тебе“. Не смеете да си дозволите да дојдете во ситуација да го принудувате да ви искажува љубов и посветеност. Оставете работите да се одвиваат полека.
  5. Станувате негова сенка. Жените многу полесно се приврзуваат отколку мажите. Внимавајте тоа приврзување да не отиде во крајност. Има жени кои постојано сакаат да знаат каде е нивниот партнер или пак постојано одат со него. Таквата несигурност може кај него да предизвика негативни чувства, па дури и одбивност.
  6. Пречесто велите „Да“. Вие веќе сте испланирале да излезете со вашето друштво и тој ви се јавува да излезете со него, а вие велите „Да“ и му откажувате на друштвото. Ви се јавува во 21:45 и ви кажува дека во 22ч. е договорен со другарите, па сака да им се придружите, а вие прифаќате. Ако ви звучи познато, тогаш вие правите една од најчестите грешки на жените. Никој не вели дека треба да играте игри и да му откажувате кога сте слободни само и само за да си мисли дека не може лесно да ве добие. Но, потребно е понекогаш да кажете „Не“, за да му ставите до знаење дека не сте на копче. Така тој ќе сфати дека не треба да ве зема здраво за готово и дека треба да се бори за вас.
  7. Го оправдувате неговото лошо однесување. Забележувате дека додека сте излезени зјапа по други жени и си велите „пијан беше“. Се однесува грубо кон вас и си велите „имаше проблеми на работа, изнервиран е“. Сè додека пронаоѓате изговори за неговото однесување, нема да бидете во состојба да прифатите дека тој има недостатоци кои вам многу ви сметаат. Заборавете на изговорите и оценете го реално, без да го оправдувате.
  8. Верувате дека со текот на времето ќе го промените. Постои една изрека: „Единствениот период кога жена може успешно да промени маж е кога тој е бебе“. Таа во голема мера е вистинита. Возрасните луѓе тешко се менуваат. Ако на почетокот на врската не ви се допаѓаат неговите навики и однесување и сметате дека нема да можете да ги прифатите како дел од него, тогаш подобро е да ги оладите вашите чувства за да не останете со скршено срце.
  9. Очекувате да ги чита вашите мисли. Мажите не знаат толку добро да ги читаат знаците на вашето тело, како што тоа знаат да го прават жените. Не очекувајте тој да знае дека ви се допаѓа само ако воспоставите директен контакт со очите или пак дека сакате повеќе да ви се доближи ако го допрете по раката.
  10. Прерано имате секс со него. Мажите го обожаваат сексот, па нивно лично право е да сторат сè што можат за да го добијат. Но, тоа не значи дека очекуваат веднаш да прифатите. Тешко дека некој маж сака да биде во сериозна врска со жена која воопшто не е пребирлива кога станува збор за сексуални односи. Дајте си повеќе време да се запознаете подобро пред да бидете интимни со него. Жените многу полесно раскинуваат со мажи со кои немале сексуални односи. Тоа треба да ви биде причина плус за да почекате, особено ако не го познавате добро.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.