Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 25 правила на успешната врска

25 правила на успешната врска

Во оваа статија нема надолго и нашироко да анализираме кои се тајните на успешната врска, туку кратко и јасно ќе наведеме некои правила без коишто таа не може да опстои.

Среќен парУспешната врска е постигнување и на двата партнера
  1. Не ја поистоветувајте љубовта со сексот. Многу луѓе во почетокот на врската ја поистоветуваат физичката привлечност со љубовта. Едно е да сакате, а друго да посакувате некого.
  2. Не го поистоветувајте сексот со интимноста. Да бидете интимни со некого е многу тешко. Интимноста бара искреност, отвореност, бара да ја разголите вашата душа пред некого, а не само вашето тело.
  3. Допирајте се често. Преку допирот вие всушност кажувате „Те сакам“, но без зборови. Тука не зборуваме само за гушкање, туку и за случајни допири по рамото, ногата, грбот.
  4. Имајте секс често. Сексот е најдобриот начин да останете расположени и да ја негувате интимноста и поврзаноста.
  5. Сексот не треба секогаш да е спонтан. Закажете си барем еден ден во неделата кога ќе си ја посветите цела ноќ еден на друг.
  6. Но, неопходно е да бидете спонтани. Правете мали неочекувани нешта за да го изненадувате вашиот партнер и тој постојано да биде заинтересиран за вас и вашите мали изненадувања. Така ќе создадете неверојатна возбуда.
  7. Одржувајте ја страста, но не заборавајте на романтиката. Секси долна облека, пена и јагоди за десерт, стриптиз. Тоа дефинитивно ќе ја разгори вашата страст. Но, не заборавајте на вечера на свеќи, прошетка под ѕвездите, масажа, мал подарок без повод... Не ги прескокнувајте романтичните гестови, затоа што тие ќе ви донесат и поголема страст.
  8. Бидете искрени, но не максимално. Постојат некои работи кои едноставно не треба да се изговорат. Зачувајте ги за себе.
  9. Прифатете дека секоја врска има добри и лоши денови. Не очекувајте сè да се движи по нагорна линија. Преминувањето низ лоши периоди ќе ја направи вашата врска посилна.
  10. Расправајте се. Расправиите се здрави. Тие ви помагаат да ја исфрлите лутината и да ја убиете тензијата. А да не зборуваме дека можат и да завршат со секс за помирување.
  11. Но, расправајте се фер. За време на расправија никогаш не го навредувајте вашиот партнер, не бидете арогантни и инаетчии. Зборовите не можете да ги вратите назад.
  12. Научете да слушате. Зборовите на партнерот треба да останат во вашата глава, а не да излезат низ другото уво. Вистински слушајте го својот партнер и не го прекинувајте. Ќе имате и вие ваши 5 минути.
  13. Научете да преговарате. Изложете ги сите ваши аргументи и ислушајте ги аргументите на партнерот, а потоа, преговарајте. Преговорите ќе ви ја подобрат комуникацијата.
  14. Правете компромиси. Не постои здрава врска во која еден од партнерите успева да добие сè и секогаш сè е по негово. Компромисот е механизам за зацврстување на врската.
  15. Не поставувајте ултиматуми. Ултиматумите секогаш оставаат некој да се чувствува обесправен.
  16. Научете да простувате. Секој прави грешки. Човечки е да простувате, сè додека имате јасна граница која не треба да ја преминете. Не смеете да простите апсолутно сè.
  17. Запомнете дека никој не е совршен. Не очекувајте дека вашиот партнер ќе ги поседува сите особини кои вие сметате дека треба да ги има совршениот маж. Секој има свои недостатоци, помирете се со тоа.
  18. Не го голтајте зборот „извини“. Да, никој не е совршен. Кога ќе погрешите, не дозволувајте гордоста да ви попречи за да се извините. Велат: на оној што признава, половина му е простено.
  19. Почитувајте го својот партнер и барајте да ви биде возвратено. Почитта е во основата на секоја врска, но мора да доаѓа и од двата партнера.
  20. Почитувајте се самите себеси и имајте самодоверба. Многу е полесно да сакате човек којшто знаете дека се цени себеси.
  21. Соработувајте еден со друг. Споделувајте ги обврските, научете се да работите како тим.
  22. Прашувајте, не претпоставувајте дека знаете сè. Вие можеби сте заедно 10 години, но тоа не значи дека во секоја ситуација знаете што сака вашиот партнер и како ќе изреагира. Не претпоставувајте кои се неговите желби и размислувања, едноставно прашајте.
  23. Никогаш не ја потценувајте моќта на надворешниот изглед. Негувајте се за секогаш во очите на вашиот партнер да можете да видите колку многу ве посакува.
  24. Имајте свој живот. Не дозволувајте вашиот живот да се врти околу вашата врска. Поминувајте повеќе време со пријателите и семејството. Вашето отсуство ќе направи партнерот да ве посакува уште повеќе. А кога ќе види дека околу вас има многу луѓе што ве ценат и почитуваат, ќе ве цени и почитува уште повеќе.
  25. Кажете го вие. :)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11198 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.