Почетна » Убавина и мода » Тело » Изгледајте и чувствувајте се убаво кога сте голи

Изгледајте и чувствувајте се убаво кога сте голи

Скоро и да не постои жена која што го сака секој дел од своето тело и е апсолутно безгрижна кога треба да остане без облека. Иако мажите не гледаат ни мал дел од недостатоците кои жените си ги припишуваат, женскиот ум неуморно работи во таа насока, секогаш исполнет со самокритични мисли.

Недостатокот на самодоверба може да влијае на секоја сфера од вашиот живот, а особено на сексуалниот. Затоа, заборавете за момент на неколкуте килограми плус, на целулитот или на малите гради. Започнете да си градите подобра слика за себе.

Убава жена во секси долна облекаНегуваната и мазна кожа е секогаш во мода.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го засакате своето тело и да се чувствувате секси кога ќе застанете како од мајка родени пред очите на вашиот сакан.

Негувано тело

Не треба да имате совршено тело за да изгледате убаво. Грижата за телото ја зголемува самодовербата на многу различни начини, а и мажите не можат да одолеат на негувана жена. Затоа, погрижете се да му посветите внимание на секој дел од телото.

  • Добрата форма на телото е многу важна за да се чувствувате убаво во своја кожа. Не чекајте да дојде лето за да влезете во форма. Физичката активност може да направи чуда за вашата самодоверба. Но, дури и да не сте редовно активни, ако знаете дека треба да се разголите пред некого, издвојте си 15-20 минути за да се испотите со вежби. Моментално ќе почувствувате поголема самодоверба.
  • Нежната кожа ќе направи да се чувствувате секси и да копнеете да биде допрена. За да имате мека кожа, никако не смеете да ја заборавите ексфолијацијата. Ексфолирајте ја кожата еднаш неделно. Користете млеко или лосион за тело. Не само што вашата кожа ќе стане понежна, туку и самиот процес на разнесување на продуктот по телото ќе ви помогне да бидете во директен контакт со вашето тело и ќе се чувствувате поопуштено кога сте голи.
  • Мазното тело е секогаш на мода. Пред да го покажете во целиот свој сјај, посветете време на отстранувањето на несаканите влакна. Доколку сте во можност, изберете ја бразилската депилација.
  • Вештачки тен. Не е воопшто чудно зошто темниот тен стана толку популарен. Тој помага да се прикријат многу недостатоци по телото како пеги или целулит. Користете производи за потемнување на тенот, наместо солариум.
  • Кога немате на себе облека и малите детали се важни. Педикирот и маникирот веднаш ќе направат да изгледате негувано. Парфемот е задолжителен кога сакате да бидете интимни со некого.
  • Брановидната фризура е женствена, романтична и секси. Пуштете ја косата природно и не користете лак или пена за коса.

Атмосфера

За да бидете расположени да се соблечете, треба да има и соодветна атмосфера. Светлото е многу важно за тоа како ќе изгледа вашето тело.

  • Доколку изворот на светлина доаѓа од над вашата глава, тогаш поверојатно е дека ќе бидат забележани некои ваши недостатоци. Изгаснете го светлото од таванот.
  • За да направите романтична атмосфера искористете свеќи или пригушена светлина од столна ламба.
  • Застанете пред изворот на светлина, особено ако е силен. Така вашето тело ќе придобие послаба форма.

Добра положба на телото

Никој не изгледа убаво ако стои или седи подгрбавен. Добрата поза ќе направи вашето тело да изгледа поубаво. Славните личности користат многу трикови додека позираат на црвениот тепих.

  • Одолејте му на искушението да го вовлекувате стомакот навнатре, затоа што така ќе изгледате неприродно и здрвено.
  • Секогаш стојте исправени, со прав ‘рбет. Замислете си дека имате книга на главата и исправете се. Таа положба ќе ви помогне да го издолжите секој дел од своето тело, особено вратот и стомакот.
  • Рамената повлечете ги наназад – со тоа ќе ги истакнете вашите гради. Додека стоите, малку завртете го горниот дел од телото на едната страна.
  • Без разлика дали седите, одите или стоите, секогаш едната нога ставајте ја пред другата. Така вашето тело ќе изгледа послабо.
  • Ако сакате вашите нозе да изгледаат подолги кога седите, насочете ги прстите на нозете надолу.

Љубов кон своето тело

Не е важно дали е Св. Валентин или друг ден во годината. Прво треба да се сакате и почитувате себе се, за да можете да го добите тоа и од другите околу вас.

  • Поминувајте повеќе време пред огледало без облека. Запишете си ги оние работи кои ги сакате кај себе и повторувајте си ги секогаш кога ќе се погледнете во огледалото. Фокусирајте се на она што го сакате кај себе.
  • За да ви биде удобно во сопственото тело додека сте голи, треба да поминувате повеќе време без облека врз себе. Додека сте сами дома, прошетајте се голи. Не брзајте да ги ставите алиштата веднаш после туширање. Пуштете си ја омилената музика и потанцувајте голи.
  • Исфрлете ја облеката која ве прави да се чувствувате неудобно. Не треба да сте облечени во црвено за да бидете секси. Вие може да изберете зелено и пак да привлекувате погледи.
  • Не се споредувајте со другите жени. Ако го правите тоа, сигурно ќе си најдете милиони недостатоци. Не си го трошете времето со споредување, затоа што тоа ви носи единствено намалена самодоверба.

Заборавете на славните лица што ги гледате во списанијата и на телевизија. Вложувајте сè од себе за еден ден да застанете пред огледалото и да ја сакате сликата што ја гледате.

Никој нема тело како вашето, па затоа покажете го со гордост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.