Почетна » Љубов и секс » Сингл » Вие заслужувате повеќе: Зошто треба да се откажете од оној кој се откажал од вас?

Вие заслужувате повеќе: Зошто треба да се откажете од оној кој се откажал од вас?

Љубовта е моќна сила, која може да нè лансира меѓу ѕвездите, да нè направи најсреќните суштества на планетата, но и да нè тресне силно на земјата, покажувајќи ни дека животот не е романтична бајка. Љубовните врски често завршуваат кога една личност ќе одлучи да ги пресече конците и да ги насочи емоциите во друг правец.

За жал, ние неретко се држиме за оние со кои сме поминале многу време и не сакаме да ги пуштиме да си одат од нашите животи, иако сè околу нас ни вели дека тие не ја заслужуваат нашата љубов. Не сакаме да ги уништиме спомените, да ги заборавиме ноќите поминати заедно, да ги избришеме илјадниците пати кога сме изговарале „Те сакам“ со душа чиста како солза... Не сакаме да бидеме нечие минато.

Љубовни проблеми

Да, можеме да се обидеме да ја вратиме личноста која раскинала со нас или да пробаме да ги поправиме расипаните односи, но секогаш треба да имаме на ум дека распаднатите врски се како скршено стакло – подобро е да ги оставиме скршени одошто да се повредиме обидувајќи се да ги поправиме.

Па, зошто треба ВЕДНАШ да се откажете од оној кој веќе се откажал од вас?

Сами сте во борбата за спас на врската, а „за танго се потребни двајца“. Врската е двонасочна улица. Во неа двете страни треба да вложуваат љубов, време и енергија, да даваат знаејќи дека ќе го добијат истото за возврат. Доколку напорите доаѓаат само од едната страна, врската е осудена на пропаст.

Тој веќе тргнал по нов пат. Велат: „Ако сакаш некого, ослободи го. Ако се врати, твој е, ако не, тогаш никогаш и не бил“. Доколку гледате дека личноста која најмногу од сè посакувате да биде покрај вас, не ни погледнува назад да ве побара, тогаш знајте дека таа веќе избрала друг пат. Вие треба да го направите истото.

Ќе покажете дека сте силни. Откажувањето неретко се смета за негативна особина. Но, кога е во прашање љубовта, работите се менуваат. Откажувањето од врска која била раскината од едната страна значи дека сте биле доволно силни да кажете „НЕ“ на страдањето, на солзите и на деновите поминати меѓу четири ѕида прашувајќи се каде сте погрешиле.

Љубовни проблеми

Затоа што тој не е способен да види што е она што ве прави специјални и уникатни. Да, тешко е да се помирите со фактот дека оној кој го сакате не верува во вас и не може да ја види вашата вредност. Сепак, мора да го прифатите тоа и да направите простор за да може да ви се приближи некој кој ги гледа вашите квалитети. Вам ви е потребен партнер кој ќе ви ја врати самодовербата во моментите кога не верувате во себе, некој кој ќе навива за вас со секој чекор кој го правите.

Довербата или исчезнала или стои на стаклени нозе. Довербата е како двострана леплива трака, која ги држи партнерите заедно, а кога таа не постои, залудни се обидите за обновување на врската.

Зашто заслужувате повеќе од она што го добивавте. Никогаш, никогаш не се задоволувајте со малку. Не ги рушете вашите критериуми во љубовта. Го заслужувате она што го посакувате, бидејќи само тоа може вистински да ве усреќи. Заслужувате некој што ќе ве гледа како скапоцен подарок и ќе биде благодарен што ве има.

Љубовни проблеми

Затоа што таму некаде постои друга личност која никогаш нема да се откаже од вас. Еден ден ќе пронајдете некој кој ќе биде сè што отсекогаш сте посакувале да видите во партнерот. Некој кој ќе ви го прави секој ден магичен и ќе ви влева доверба дека не постојат превисоки планини за вас. Некој кој ќе ве држи за рака кога тоните и ќе ви дава сила кога сте слаби. Некој кој ќе прави да се чувствувате како да сте најсилната и најсаканата личност на светот.

Љубовни проблеми

За да научите повторно да сакате. Иако никогаш целосно нема да го заборавите вашиот поранешен партнер, откажувањето од него е единствениот начин да пронајдете нова љубов. А кога новата љубов ќе пристигне, можеби ќе бидете исплашени да не бидете повторно повредени, но на крајот ќе сфатите дека вреди да си дадете шанса уште еднаш да бидете опијанети од магијата на љубовта.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8885 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.