Почетна » Љубов и секс » Сингл » 15 драгоцени лекции кои можете да ги извлечете од неуспешните љубовни врски

15 драгоцени лекции кои можете да ги извлечете од неуспешните љубовни врски

Раскинувањето е измачувачки период, кога се чувствувате како срцето да ви е искорнато од градите, а ви се чини дека креветот е најудобното место на светот. Потонувате во сон со надеж дека сонувате кошмар од кој набрзо ќе се разбудите и сè ќе биде поинаку. Но, најчесто не е.

Љубовните разделби се тешки и за жал, не постои магичен лек кој инстантно ќе ги залечи раните. Сепак, ниту една врска не е прокоцкано време. Независно како сте раскинале со бившиот и колку солзи сте пролеале по кажувањето „збогум“, секоја врска е извор на скапоцени лекции. Еве некои лекции кои произлегуваат од неуспешните врски:

Жена
  1. Врската е како стакло и понекогаш е подобро да ја оставите скршена, отколку да се повредите обидувајќи се да ја поправите.
  2. Не треба да дозволувате еден темен облак да ви го замрачи цело небо. Врската е само еден дел од сложувалката наречена живот. Еден љубовен неуспех не треба да ви ја помати среќата и да ви ја расклати самодовербата.
  3. Ако боли, тогаш тоа не е вистинска љубов. Никој не смее да ве убеди дека малтретирањето (физичко или психичко) е знак на голема љубов.
  4. Никогаш не треба да се чувствувате премногу сигурно во врската за да престанете да си давате комплименти.
  5. Ако сте ја почувствувале љубовта еднаш, ништо не ве спречува да ја почувствувате повторно. Секогаш кога една врата се затвора, пред нас се отвора нова. Престанете да гледате зад себе, бидејќи така ги пропуштате можностите кои никнуваат пред вас.
  6. Можете да го излечите скршеното срце, а времето е најдобриот лек. Негативните емоции се дел од животот, но за тие да избледнат, потребно е време.
  7. Морате да простите за да заборавите, но и да заборавите за да почувствувате љубов повторно.
  8. Простувањето е за вас, а не за другата личност. Колку побрзо го разберете тоа, толку побрзо ќе се ослободите од огорченоста и токсичната лутина и ќе поставите стабилна основа за нов љубовен почеток.
  9. Неуспешната врска не ве прави неуспешна личност.
  10. Прекрасно е да сакате некого, но сакајте се себеси повеќе. Морате да се сакате себеси пред да очекувате некој друг да ве сака.
  11. Можете и морате да научите да бидете среќни со статус сингл. Не треба да чекате некој друг да ја активира вашата среќа. Среќата е избор кој секојдневно треба да го правите, без оглед на вашиот љубовен статус.
  12. Моментот кога ќе ја загубите довербата во саканиот е момент во кој врската започнува молскавично да ви се распаѓа. Едноставно е, без доверба, нема врска. Потребна е максимална посветеност за да ги пополните пукнатините во темелите на врската, а за жал, најчесто таа мисија е невозможна.
  13. Стравот од осаменост никогаш не треба да е причина за останување во лоша врска. Многумина излегуваат од една врска и веднаш влегуваат во друга поради страв од осаменост. Некои остануваат во лоша врска зашто се плашат дека нема да најдат нов партнер. Не заборавајте, подобро е да бидете сами отколку во лоша врска.
  14. Бракот нема моќ да излечи врска во неволја. Ако две личности не можат да одржат врска, нема да можат успешно да го играат најважното танго во животот наречено брак.
  15. Романтичните соништа можат да бидат срушени, но секогаш можете да ги искористите рушевините за да изградите подобри соништа. Кога на една врска ќе ѝ дојде крај, не очајувајте. Искористете го она на кое таа ве научила за да не ги повторувате истите грешки во иднина. Животот тече понатаму.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.