Почетна » Убавина и мода » Мода » Мејкап трендови – есен/зима 2012

Мејкап трендови – есен/зима 2012

Шминката за топлата сезона со која се збогуваме беше освежителна интерпретација на романтиката – природниот изглед и нежните нијанси беа атрактивен и прифатлив тренд. Но, сезоната есен/зима ја враќа драматичноста на лицето.

Усните ќе се борат или за гламурозен црвен или за класичен „невидлив“ изглед, додека очите ќе привлекуваат внимание под дебели веѓи, дефинирани трепки и впечатливи, нестандардно нашминкани очни капаци.

Мистериозни и фатални темни усниПоглед во боите на паунКласичен црвен бакнежДефинирани трепкиНевидливи усниРозови образиКолоритен „зачаден“ погледДебели веѓи

Мистериозни и фатални темни усни

„Опијте“ ги усните со кармин во боја на бургундец. Виолетовите и бордо нијансите кои ги асоцираме со изгледот на фатална жена се вистинска мамка за погледи.

Храбро решивте да ги искористите овие темни нијанси? Тогаш комбинирајте ги со нежна, речиси невидлива шминка на очите.

Поглед во боите на паун

Екстравагантната опашка на паунот нека ви биде инспирација за шминкањето на очните капаци. Шармот на темнозелените, смарагдните и темносините нијанси со виолетов отсјај ќе маѓепсува без да поштеди никого.

Единствено треба да внимавате различните нијанси да се слеваат непречено една во друга, без видливи граници. Најдоброто е што оваа егзотична комбинација се прилагодува на различните бои на очи.

Класичен црвен бакнеж

Сакале или не, нема да можете да го избегнете жешкиот црвени кармин. Сигурно барем еднаш ќе паднете во искушение да ја тестирате неговата магнетска привлечност.

Добитна комбинација бр. 1:
Минимална шминка на очите и крваво црвен кармин на усните.

Добитна комбинација бр. 2:
Златно-кафеав
smokey eye“ плус врели црвени усни.

Дефинирани трепки

Маскарата е клучниот мејкап производ без кој не можете да ја поминете студената сезона. На вашите трепки им е потребна поддршка повеќе од кога било претходно за да изгледаат неодоливи.

Можете да пропуштите да нанесете сенка и кармин, но не и да ставите маскара. Нанесете два слоја за повпечатлив изглед. Вештачките трепки веќе не се луксуз, па вреди да пробате што сè можат да направат за вашето лице.

Невидливи усни

Маскирајте ги вашите усни со кармин близок до бојата на вашата кожа. Голите „невидливи“ усни им даваат можност на очите да дојдат до израз, независно дали сте ги обложиле со сјај или не.

Комбинирајте ги со силна шминка на очите за вечерен изглед или со нежна бежова или бела сенка за да блеснете на дневна светлина.

Розови образи

Не тажете по летните денови, држејќи се цврсто за бронзеното руменило. Ред е на розовото руменило да завладее на вашите образи.

Не може да не изгледате симпатично со свежиот младешки блесок кој ќе ви го дадат розовите образи, бидејќи изгледа толку природно, исто како кога сте изложени на студеното северно ветре.

Колоритен „зачаден“ поглед

Не, не, заборавете на стандардниот црно-сив „зачаден“ изглед. Новите трендови бараат самодоверба, бараат смелост. Па, насочете ја вашата четкичка за сенка кон виолетови, кафеави, темнозелени, мастилесто сини и темнопортокалови нијанси.

Преферирајте ги сенките со блескави честички пред сенките со мат финиш.

Дебели веѓи

Дебелите прецизно оформени веѓи веќе неколку сезони го промовираат природниот изглед. Додека сите манекенки држат диета за слабеење, нивните веѓи се на третман за дебелеење.

Оставете ја пинцетата и дозволете им на веѓите да станат карактеристична црта на вашето лице. Сепак, тоа не значи да ги оставите разбушавени и немирни. Скротете ги со мала четка (по потреба напрскана со лак за коса), а празнините пополнете ги со моливче во соодветна боја.

Друг голем бјути хит на модните писти беше црвената сенка за очи, но најверојатно тоа ќе биде најзапоставениот тренд, бидејќи ретко чие лице може да го издржи без да изгледа уморно или растревожено.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11186 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.