Почетна » Убавина и мода » Шминка » Smokey eyes шминка за секси и мистериозен поглед

Smokey eyes шминка за секси и мистериозен поглед

Колку и да се менуваат трендовите во шминката, изгледот наречен smokey eyes секогаш останува популарен, а холивудските ѕвезди го обожаваат. Зошто? Затоа што преку него лесно се постигнува секси, заводлив, мистериозен и драматичен изглед.

За создавањето на совршен smokey eyes изглед, многу е важно нанесените сенки да изгледаат слеани и да нема остра граница помеѓу различните бои. Научете како на едноставен начин да постигнете секси „зачаден“ изглед и прочитајте неколку совети кои ќе ви го олеснат процесот на шминкање и ќе ви помогнат да избегнете непријатни ситуации.

Избор на бои и текстура

Убава жена со шминка smokey eyeШминката smokey eye дава секси и мистериозен изглед

Кога ќе се каже smokey eyes, повеќето жени веднаш помислуваат на црни и сиви сенки. Тоа е и најупотребуваната комбинација. Но, освен со стандардната црно-сива комбинација, овој изглед може да се постигне и со други бои.

Одлични комбинации се: златна основа во комбинација со темна пурпурна сенка; светло-кремова основа (шампањ боја) во комбинација со темносина сенка; основа во боја на праска или кајсија во комбинација со темнозелена сенка.

Основно ви се потребни две сенки, една светла и една темна, но можете да користите и неколку други нивни нијанси.

Мат или светликави сенки? Најдобро е да користите мат сенки за очи, но ако решите дека сакате малку повеќе гламур во вашата шминка, светликава нека биде само светлата сенка што ќе ја користите. Темната е најдобро да си остане мат.

Крем сенки или сенки во прав? Препорачливо е да користите сенки во прав затоа што крем сенките потешко се размачкуваат и многу тешко се мешаат една со друга.

Моливчето за очи најдобро е да биде во црна или темно сива боја, но може да експериментирате и со пурпурно или темно сино моливче. Маскарата исто така е добро да биде во црна боја.

Smokey eyes во 5 чекори

  1. Подготовка на очните капаци. Овој чекор можете да го прескокнете, но е особено важен ако сакате да го избегнете непријатното размачкување на шминката. Врз очниот капак нанесете подлога за шминка. Наместо подлога, може да нанесете малку течна пудра, па врз неа пудра во прав. Тоа ќе ви помогне попрецизно да ја нанесувате шминката, а и полесно ќе се фиксира сенката.
  2. Оцртување на очите со моливче. Оцртајте ги очите и на горниот и на долниот капак. Кога го оцртувате горниот капак, започнете со повлекување на тенка линија во внатрешниот дел на окото и здебелувајте ја линијата како што се движите кон надворешниот агол на окото. Ако имате мали очи или ако не сакате премногу нападен изглед, препорачливо е да оцртате само 1/3 од долниот капак. Со помош на четка за очи размачкајте ги нацртаните линии.
  3. Нанесување на светлата сенка. Со помош на широка четка за очи нанесете ја светлата сенка на очниот капак, на областа под веѓата и на внатрешниот агол од окото.
  4. Нанесување на темната сенка. Со помала четка нанесете од темната сенка во надворешниот агол од окото во форма „>“ и постепено со четката движете се навнатре, нанесувајќи сенка само на очниот капак. Потоа, со тенка четка нанесете од темната сенка и на долниот капак, колку што е можно поблиску до трепките. Двете бои кои ги употребувате треба да се слеат една со друга, па затоа не се плашете да поминете со четката преку очниот капак повеќе пати. На крајот, од посветлата сенка уште еднаш нанесете на областа под веѓите и внатрешниот дел од окото.
  5. Финализирање на изгледот со маскара. Нанесете 2 слоја маскара за вашите трепки да изгледаат долги и густи.

Дополнителни совети

Убава жена со шминка smokey eyeШминката smokey eyes комбинирајте ја со усни во светло-розова или месо боја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10291 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.