Почетна » Убавина и мода » Мода » 10 трендови кај костимите за капење – лето 2012

10 трендови кај костимите за капење – лето 2012

Тропските горештини ни го носат мирисот на летото и нè потсетуваат дека на прагот е сезоната на плажите. За непречено да уживате во текот на очекуваното релаксирачко лето, неопходно е при рака да имате атрактивен костим за капење во кој ќе изгледате модерно, а ќе се чувствувате комфорно.

Додека кај облеката дизајнерите имаат на располагање поголеми парчиња ткаенина и при создавањето на трендовите можат повеќе да си играат со формите и текстурите, кога станува збор за костимите за капење креаторите се поограничени, па модерните модели не се менуваат толку драстично од сезона во сезона.

Костимите во ретро стил, бикините со принт и сексапилните монокини повторно се истакнуваат и инспирираат. Фрлете поглед на костимите кои се во тренд и со кои ќе запливате како вистинска летна божица.

Една прерамка е сосема доволна

Костимите за капење на одреден начин ги следат трендовите кај фустаните. Како реакција на актуализирањето на фустаните на едно рамо, се зголеми популарноста на костимите за капење кај кои едната прерамка е повеќе од доволна.

Независно дали ќе изберете едноделен или дводелен костим на едно рамо, ќе следите еден од најжешките трендови за летната сезона 2012. Сепак, не заборавајте дека овие костими имаат и мал недостаток – ќе се исончате нерамномерно на рамената.

Празнично

Висок струк / Едноделен ретро костим

Не постои посексапилен начин да ја акцентирате фигурата на песочен часовник од ретро моделите на костими за капење.

Стилот од 50-тите, па дури и 40-тите, продолжува да владее на модната сцена, па вреди да им дадете шанса на популарните ретро бикини со висок струк или едноделните костими кои црпат инспирација од минатото.

Празнично

Реси на градите

Малите гради нема да ви создаваат грижи на плажа ако изберете костим за капење со реси во областа на градите. Ресите визуелно го зголемуваат обемот и ја прават вашата фигура посексапилна.

Забавниот изглед на ресите ги раздвижи трендовите и дизајнерите им дадоа посебно место во своите колекции.

Празнично

Виножито уметност

Покажете дека не се плашите од веселата игра на боите и изберете костим со кој нема да останете незабележани. Сончевите зраци на волшебен начин ќе ги засилат светлите бои и несомнено ќе плените на која и плажа да се појавите.

Празнично

Бесконечна привлечност

Бикините кај кои горниот дел ја краде формата на симболот за бесконечност се најдобриот избор ако сакате рамномерен тен. Имате слобода при изборот на боите и шарите, бидејќи на што и да ви застане окото, нема да погрешите.

Празнично

Тропски и цветен принт

Костимите со весели принтови никогаш не излегуваат од мода, па така и оваа сезона на плажите ќе видите многу цветни дезени и принтови инспирирани од тропските пејзажи.

Празнично

Сексапилни отсечоци / Монокини

Речиси и не можете да пронајдете дизајнер кој не падна на искушението да ја искористи сексапилната привлечност на модерните отсечоци. Стратегиски поставените отсечоци можат да ја издолжат фигурата, да ја направат половината послаба или да покажат доволно кожа за да зрачите со сексапил.

Празнично

Романтични набори

Костимите за капење со набори се исклучително женствени и романтични и во зависност од тоа каде се поставени наборите, ги акцентираат или градите или колковите.

Доколку ви недостига „волумен“ на деколтето, изберете бикини со набори на горниот дел, а ако сакате да ја истакнете женственоста на вашите колкови, разиграните набори нека останат на рабовите на долниот дел.

Празнично

Морнарски шмек: сино-бело-црвено

Првите асоцијации со морнарскиот стил се плажа, сонце и бескрајно морско синило, па нема потреба да се образложува популарноста на сино-бело-црвениот тренд.

Дали ќе изберете костими во риги или костими со морнарски елементи (на пример, котва), воопшто не е важно. Важно е дека со овој тренд секогаш ќе изгледате како лојална следбеничка на модата.

Празнично

Храбри во бело

Жените ги обожаваат белите костими за капење – на крајот на краиштата нема подобра боја која го истакнува новодобиениот бронзен тен. Но, тешкото кај овие костими е да се пронајде таков кој нема да се проѕира и кој нема да покаже повеќе отколку што сакате кога ќе го навлажните. Па, бидете внимателни при купувањето на храбар бел костим.

Најпопуларна комбинација е бел костим со малку златни детали.

Празнично

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.