Почетна » Убавина и мода » Лице » Отстранете ги правилно влакненцата над усните

Отстранете ги правилно влакненцата над усните

Лентите за депилација на лице се идеално средство за отстранување на влакненцата од пределот над усните. Тие ни штедат време и ги отстрануваат влакненцата брзо, а ние можеме да заборавиме за нивна депилација за неколку седмици.

Усни
Лентите за депилација брзо и лесно ги отсрануваат непосакуваните влакненца од пределот над усните.

Основни чекори при депилацијата

  1. Пред да започнете со депилација, осигурајте се дека вашата кожа е сува и чиста. Не треба да користите никаква пудра, лосион или крем ако планирате да се депилирате.
  2. Затоплете ги лентите. За подобра и поефективна депилација, затоплете ги лентите со помош на рацете. Така восокот подобро ќе се распространи по кожата.
  3. Разделете ги лентите внимателно.
  4. Залепете ја лентата на местото каде што сакате да се депилирате. Не ја оставајте лентата залепена подолго од неколку секунди, затоа што потешко ќе можете да ја одлепите.
  5. Затегнете ја кожата и повлечете ја лентата во правец спротивен на растот на влакната.
  6. Повторете ја постапката ако е потребно. Потоа употребете го влажното марамче кое го има во сите опаковки со ленти за депилација. Со него ќе ги отстраните остатоците од восок и ќе ја смирите кожата.

Дополнителни совети

  • Можете да употребите една иста лента повеќе пати.
  • Никогаш не се депилирајте на лицето после туширање.
  • Не употребувајте лосион, сапун или алкохол за да ги отстраните остатоците од восок. Можете да употребите бебешко или маслиново масло за да го направите тоа.
  • Не се изложувајте на сонце веднаш по депилација.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.