Почетна » Убавина и мода » Лице » Масни наслаги на лицето?

Масни наслаги на лицето?

Многу често се случува со зголемувањето на вашата тежина, лицето да ви стане побуцкасто. Понекогаш може да забележите дека лицето ви е здебелено, а всушност вие да не сте качиле ниту едно килце. Во секој случај, никој не сака да има буцкасто лице, затоа што нема како да го прекриете.

Совети

Има неколку начини кои што можат да ви помогнат да се ослободите од масните наслаги на лицето, без да легнувате под нож.

Жена што пие водаМногу често буцкастото лице е резултат на недостатокот на вода.
  1. Намалете ја консумацијата на сол и алкохол. Алкохолот и солта предизвикуваат задржување на вода во телото, а лицето е склоно да задржува вода. Алкохолот го дехидрира телото и ја расипува вашата диета.
  2. Пијте многу вода. Во идеален случај, вие би требало да пиете 8 чаши вода дневно. Многу често буцкастото лице е резултат на недостатокот на вода. Ако ви е досадно да пиете само вода, додајте во неа сок од зелен или жолт лимон. Тоа ќе ви помогне да ги елиминирате токсините од телото.
  3. Јадете свежа непреработена храна. Вклучете сурови зеленчуци и овошје во вашата секојдневна исхрана. Избегнувате ги јаглехидратите и шеќерите.
  4. Внесувајте повеќе растителни влака и намалете ја консумацијата на масти. Ако го правите тоа, вашето тело ќе биде поздраво и ќе имате повеќе енергија.

Вежби

Дополнително можете да ги правите и следните вежби за лицето:

Вежби за лице

Насмевка. Без разлика дали е со отворена или затворена уста, насмевката е добар начин да ги вежбате мускулите на лицето. Можете да направите и лице како устата на риба. И тоа е одличен начин да ги движите мускулите. Вежбајте пред огледалото. Задржете ја насмевката 7-8 секунди и потоа опуштете се. Повторете го тоа 5-6 пати.

Надуени образи. Затворете ја устата и надујте го левиот образ. Задржете го во таа поза 10 секунди, потоа опуштете го и надуете го десниот образ. Повторете ја оваа вежба 6 пати.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.