Почетна » Убавина и мода » Коса » Фризури – трендови есен/зима 2012-2013

Фризури – трендови есен/зима 2012-2013

Топлата сезона која одамна остана зад нас се карактеризираше со романтичност, женственост и нежност, но со опаѓањето на температурите стилистите препорачуваат посилен и малку поагресивен изглед. Косата придобива подраматичен волумен, шишките стануваат побујни и паѓаат над веѓите, локните не се идеално дефинирани, плетенките се похаотични...

Коњското опавче станува новата плетенка, т.е. едноставното собирање на косата е поактуелно од кога било досега.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Ѕирнете во трендовите кои ќе ве инспирираат да го промените стилизирањето на косата во текот на преостанатите есенски и претстојните зимски денови.

Коњско опавче во секаков облик

Коњското опавче ги освои модните писти во сите форми и стилови. Високо или ниско, совршено обликувано или разбушавено со екстра волумен, собрано со едноставно ластиче или украсено со впечатлив моден додаток...

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Асиметричен „рок“ изглед

Сплетете една или неколку плетенки на левата страна и оставете го останатиот дел од косата слободно да паѓа на вашите рамена.

Асиметричниот изглед на косата придонесува за подрзок и похрабар изглед, особено кога косата на едната страна е потстрижана пократко отколку на другата.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Шишки над веѓите

Шишките кои ги кријат веѓите не изгубија од својата популарност и продолжуваат да убедуваат сè повеќе и повеќе дами смело да го искористат нивниот шарм. Освен што се модерни, тие и бришат години, па воопшто не е чудно што славните ги прифатија со раширени раце.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Ретро волумен зад тенко венче

Преферирате поелегантна и дамска облека? Тогаш во вашиот стил идеално ќе се вклопи тапирана фризура со волумен, тренд којшто го воскресна Каролина Ерера.

За уште посилен ретро изглед комбинирајте ја оваа фризура со шминка мачкини очи.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Нецелосно оформени локни

Совршено обликуваните локни ни приближно не се толку актуелни како половичните локни. Косата со нецелосно оформени локни изгледа гламурозно, но и релаксирано, а вие не делувате како да сте трошеле часови за да го стилизирате секое влакно.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Кратка и немирна

За разлика од минатата сезона, кога кратката коса беше залижана и зачешлана на едната страна, во новата студена сезона не треба да се воздржувате да ставите капа со страв дека ќе направите неред на главата. Немирната коса со динамична текстура е за претпочитање.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Недефинирани плетенки

Плетената коса сè уште плени со интересната текстура, но плетенките стануваат похаотични и недефинирани. Не мора да сте вешта „плетачка“ за да го носите овој тренд. Не ги стегајте прамените додека плетите за да зачувате што поголем волумен.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Вртени прамени

Преку глава ви е од плетенките, но сепак сакате нестандардна игра со прамени? Тогаш сигурно ќе посакате да експериментирате со вртење на прамените – тренд којшто ненадејно ги преплави модните писти.

Задолжителна лекција е плетенката тип јаже, создадена од вртење и плетење на два прамени. Но, ако целите кон нешто поедноставно и поромантично, издвојте два прамени од над слепоочниците, навртете ги и фатете ги со шнола на задниот дел од главата.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Воочливи модни додатоци

Украсени шноли, ластици со метални детали, венчиња со платнени или пластични декоративни форми... Накитете ја вашата коса со впечатлив моден додаток и нема да имате потреба од екстравагантна фризура, дури ни за најсвечените пригоди.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Коса „одвеана од виорот“

Подзаборавете на четката за коса и оставете ги вашите прамени да се разделат едни од други. Колку полежерно изгледа вашата коса, толку подобро, особено кога ја заштитувате главата од студот со капа.

Трендови кај фризурите есен/зима 2012-2013

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10383 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.