Почетна » Убавина и мода » Коса » 5 летни тренди плетенки

5 летни тренди плетенки

Стилистите го донесоа на модните писти, а Холивуд го прифати, па трендот плетена коса неколку сезони царува меѓу фризурите. Од Џесика Алба и Блејк Лајвли, па сè до Лорен Конрад, Ријана и Никол Ричи, скоро секој селебрити стајлинг во еден или друг момент вклучуваше плетенка.

Имајќи во предвид дека плетенката е брза и забавна замена за стандардното коњско опавче, а и дека со неа може да се постигне и кежуал и гламурозен изглед, не е чудно што нејзината популарност постојано расте. А токму големата популарност го уби лошиот имиџ на плетенката како детска или старомодна и ја всели плетената коса кај модерните фризури.

Сакале или не, летните горештини ќе ве принудат да ја соберете вашата коса, па зошто да не го направите тоа во тренди плетенка? Ви предлагаме неколку различни плетенки кои го имаат посакуваниот модерен шмек.

Плетенка „Водопад“

Плетенка „Водопад“

Неспорно овој тип на плетенка ќе ја разигра вашата коса и ќе ѝ даде забавен летен изглед. Иако на прв поглед делува комплицирано, откако еднаш ќе ја направите, ќе се уверите дека оваа фризура всушност е многу едноставна.

Убавото е што можете оваа „плетка“ секогаш да ја разнообразувате со нов детаљ. Можете да ја завршувате фризурата со обична плетенка, со плетенка „рибина опашка“ или да ја украсите со шнола со цвет.

Исто така, можете или да ја сплетете плетенката само на едната страна, или да продолжите преку главата и да ја завршите на другата страна.

Плетенка „Млекарка“

Плетенка „Млекарка“

Ако пред 5-6 години си направевте плетенка тип „млекарка“, сигурно ќе заработевте негативни коментари и исмејувања зад грб, но ако денес го направите тоа, најверојатно ќе добиете купче комплименти.

Плетенката „млекарка“ делува хипи и младешки, а изгледа како венче на главата. Стилистот Тед Гибсон, кој ја врати оваа плетенка на модната писта, советува за модерен изгледа да ги донесете плетенките поблиску до челото и да ги разбушавите за да не се премногу замазнети. Дополнително можете да ја разубавите оваа фризура со мало тенко парче ткаенина кое ќе го протнете низ плетенката. Ова е одлична фризура за на плажа.

Плетенка „Рибина коска“

Плетенка „Рибина коска“

Плетенката „рибина коска“, позната уште и како „рибина опашка“, отсекогаш поттикнувала восхитувања со нејзината навидум сложена текстура. Многу холивудски дами го искористиле „wow“-ефектот што го дава оваа плетенка.

Па, без размислување пробајте го овој жежок тренд. Олеснителна околност е што не мора да внимавате да ја сплетете совршено. Разбушавениот изглед е многу помодерен.

Бушава плетенка настрана

Бушава плетенка настрана

Бушавата плетенка настрана се прави лесно, за само неколку секунди и зрачи со сексапил. Сигурно не ви се потребни повеќе причини за да го пробате овој тренд кој ги „зарази“ и манекенките на модните писти и славните лица од светот на шоу-бизнисот.

Вртена плетенка „Јаже“

Плетенка „Јаже“

Фризурата „јаже“ во никој случај не е типична плетенка и делува мошне гламурозно и интригантно, па можете да ја искористите за некоја посвечена прилика.

Отсекогаш сте се чуделе како стои оваа „плетенка“ без да се одмота? Трикот е да ги вртите двата одделни прамена во една насока, а потоа да ги замотате во спротивната. Погледнете:

Овој изглед е многу потежок за постигнување ако вашата коса е потстрижана во повеќе слоеви, бидејќи тогаш нема да го добиете замазнетиот сјаен ефект. Во таков случај, обидете се да ги скротите влакната со восок, гел и/или лак за коса.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.